Концерт на дуо „СолиПс" и Богоромова Краповски во Филхармонија

Во малата сала на Филхармонија вечер ќе се одржи концерт на сопранистката Гонца Богоромова Краповски и француско-македонското дуо „СолиПс" – флејтистката Елена Стојческа и гитаристот Ромен Петио. 

Освен дела за дуо и за соло изведба, на програмата се застапени и три француски дела – „Две поеми" од Ронсар на Албер Русел, извонредното дело „Самогласки за соло" флејта на Софи Лаказ инспирирано од поема на Артур Рембо и „Мирот почива во пустина" на Жан-Кристоф Роза. Сите овие дела ќе бидат премиерно изведени во нашата држава.

„Овој концерт е „сцена" за светска праизведба на оригиналното дело Океан во капка на македонската композиторка Дарија Андовска, специјално компонирано за овој настап. Исто така, на концертот за првпат ќе бидат изведени и две македонски традиционални песни, преработени повторно од Дарија Андовска за овој ансамбл“, се наведува во соопштението.

Исто така, популарната Арија на Бахијана Бразилерас n°5 на Вила-Лобос ќе биде изведена во нејзината оригинална верзија за вокал и гитара.

Италијанскиот композитор Масимилијано Месиери, чие дело „Сон во сон" ќе биде изведено на концертот, ќе биде присутен на настанот.

Дуото „СолиПс" е формирано од страна на македонската флејтистката Елена Стојческа и францускиот гитарист Роман Петио во 2011 година. Настапуваат на концерти и фестивали во Франција, Италија, Чешка, Сан Марино, Русија, Белгија, Босна и др. Дуото СолиПс има афинитет кон репертоарот од 20-ти и 21-ви век. Во блиска соработка се со бројни композитори, премиерно изведуваат дела кои им се посветени.

Гонца Богоромова Краповски е уметник која своите достигнувања ги афирмира преку забележителна концертна дејност на домашната и меѓународната сцена. Како солист и камерен музичар соработува со еминентни домашни и странски ансамбли, диригенти, солисти и пијанисти. Работи како наставник по соло пеење и камерна музика при ДМБУЦ „Илија Николовски – Луј" во Скопје.

Масимилиано Месиери, роден во Болоња во 1964 година е италијански композитор и диригент. Неговите дела се изведувани низ Европа и Соединетите Американски држави. Како што пишува италијанската критика "кај Месиери можете да слушнете извонреден баланс помеѓу стилски карактеристики на популарна музика од медитеранскиот регион и современа музичка техника"

Дарија Андовска е една од најизведуваните, најнаградуваните и најплодните македонски автори во 21-от век, професор на Факултетот за музичка уметност при УКИМ, Скопје.

Една одлична меѓународна соработка, настап на квалитетни странски и македонски уметници, внимателно избрани дела на програмата на концертот, кој ќе се одржи на 4ти мај во 20 часот во малата концертна сала на Филхармонија.

Римскиот политичар и филозоф, Марк Тулиј Цицерон, во I век пред н.е. укажал дека „кога немате основа за аргумент, злоставувајте го тој што ве обвинува“.

повеќе

Со појавата не енергетската криза многу земји отстапија од зацртаните планови за намалување на емисиите на стакленички гасови.

повеќе

Работите во Македонија забегаа до тој степен што за нив мора да се пишува отворено, „револуционерно“.

повеќе