Концерт на ансамблот „Танец“ вечер од 20 часот во Домот на Армијата

„Там дека има високи чардаци“ е насловен концертот со кој Ансамблот за народни игри и песни на Македонија „Танец“ ќе настапи вечер од 20 часот во Домот на Армијата. Концертот е во рамки на одбележувањето 70 години од основањето на „Танец“ и е дел од програмата на манифестацијата „Есенски музички свечености“ која ја организира Дирекцијата за култура и уметност-Скопје.

Концертот е вокално-инструментален и ќе настапат хорот и оркестарот на „Танец“, женската и машката вокална група на ансамблот и изведувачите: Габриела Новевска, Далибор Ѓошиќ, Драган Николовски, Елена Андоновска, Кирил Митоски, Сузана Спасовска, Гоце Цоневски, Петар Механџиски, Јана Ивановска-Илиоска, Кирил Спасеновски и Ристо Новевски.

Ансамблот „Танец“ е основан на 24 март 1949 година со основна цел да го собира, негува и уметнички да го надградува македонското фолклорно богатство – ората, песните, инструментите, обичаите и носиите и музичко-сценски соодветно да ги претставува во земјава и надвор од неа.

Во годината кога одбележува седум децении постоење „Танец“ имаше повеќе настапи пред домашната публика, а централниот роденденски концерт го одржа во мај во Националната опера и балет.

„Во оваа јубилејна година, „Танец“ се претстави на многубројни сцени, дома и надвор, а специјално за публиката на „Есенски музички свечености“ подготви атрактивна програма со прекрасни песни од македонската фолклорна традиција. Ќе настапи целиот вокално-инструментален ансамбл и неговите бројни солисти, кои филигрански ќе ги исполнат песнопојните бисери од нашата богата народна ризница“, соопшти Дирекцијата за култура и уметност-Скопје.

Добро е, во прво време, г. премиер, да го поттикнете Вашиот министер за култура да најде погодна форма да се преобјави книгата „По повод најновиот напад на нашиот јазик“ од Конески, пишува професорот Атанас Вангелов во отворено писмо до премиерот Зоран Заев.

повеќе

Мислам дека Европа нема ни да дозволи полемика за македонскиот јазик затоа што тоа е строго научна работа. Освен нашите политичари-шупелки, никој друг не би посегнал по таа светост.

повеќе

Сега младите сакаат што е можно побрзо да ја напуштат својата земја. Тие веќе не се чувствуваат застапени и го изгубија чувството на припадност.

повеќе