Kонцерт и промоција на нов албум на Бопхедс

Џез ансамблот Бопхедс (Bopheads) составен од, во моментот, најзначајните имиња на македонската сцена, вечер ќе одржи концерт во Малата сала во Филхармонија, по што и официјално ќе биде промовиран нивниот прв албум.

Во Малата сала на Филхармонија ќе се одржи овогодинешното концертно издание на „Dinner Sessions“. Идеен творец на овој проект е пијанистот на Бопхедс, композиторот и аранжер, Гордан Спасовски кој зад себе има голем број на соработки и богата кариера со повеќе различни состави.

На концертот покрај Гордан ќе настапат Кирил Туфекчиевски на контрабас, Виктор Филиповски на тапани, Кирил Кузманов на сопран и алт саксофон, Трајче Велков на труба, Иван Иванов на тенор саксофон, како и специјалниот гостин Џон Илија Апелгрен.

На концертот ќе бидат изведени премиерни композиции, неколку композиции од минатогодишното издание на „Dinner Sessions“ претставени во едно ново руво, како и композиции од деби албумот на Бопхедс, „At The Philharmonic”.

Веднаш по завршувањето на концертот ќе следи и официјална промоција на првиот албум на Bopheads, „At the Philharmonic“, издаден од страна на издавачката куќа ЗЏМ Рекордс, која ќе се одржи во Филхармонија Бар, со почеток од 22 часот. Настанот ќе биде проследен со ДЈ сет на Бојан Петков, Шамба. 

Трагично е што воопшто треба да се бориме за зачувување на институција која отсекогаш била стожер на културниот живот во Македонија.

повеќе

Македонија нема рециклирачки капацитет за пластичната амбалажа, а со увозот на ѓубре како гориво во индустријата, станува и неофицијална депонија на ЕУ.

повеќе

Влијанието на корупцијата врз економијата е значајно. Корупцијата може да доведе до неефикасност и погрешна распределба на ресурсите, да ги обесхрабри странските инвестиции и да ја поткопа конкурентноста на фирмите.

повеќе