Која од Дисциплина кичме во кома

Фронтменот на рок-групата Дисциплина кичме, Душан Којиќ – Која (58), имал мозочен удар и е во болница во вештачка кома.

Која заминал во Англија да ја посети својатаа сестра, кога доживеал мозочен удар. Тој бил итно хоспитализиран, а лекарите го внеле во индуцирана кома за да му дадат на мозокот доволно време да се опорави.

Бас гитаристот, пејач и композитор, Која е активен на музичката сцена веќе четири децении. Тој му се приклучи на Милан Младеновиќ во 1980 година во групата „Лумуново дрво", а потоа со тапанарот Ивица Вдовиќ се етаблираа како трио и го сменија своето име во „Шарло Акробата". Тогаш го издадоа единствениот, но култен албум „Бистар или глупав човек станува кога..."

По распадот на „Шарло", Која ја основа „Дисциплина кичме" кон крајот на 1981 година. Тој е автор на хитовите „Тато и мамо", „Сите по мене", „Имам шарени очи", „Не фрлај бетонски табли од врвот на твојата зграда", „Знаеш ли за друг ритам"...
Која ја компонираше музиката за филмот „Како пропадна рокенролот".

Последниот студиски албум „Повторно", „Дисциплина кичме", го објави во 2016 година.

Дали ние, луѓето, сакаме да продолжиме да живееме добро и безбедно на оваа планета?

повеќе

САД остануваат најмоќната држава во светот, но францускиот претседател Макрон прави сѐ да стане своевиден „пандан“ на претседателот на САД.

повеќе

Сега, кога нашата држава ја предводат анационални лидери, кога супериорната бугарска власт смрди од агресивен национализам, ќе биде тешко да се изгради цврсто пријателство.

повеќе