„Кларифест Скопје 2021“ oд денеска до 3 јуни

Од денеска до 3 јуни на неколку локации во Скопје ќе се одржи третиот по ред  фестивал за кларинети „Кларифест Скопје 2021“ во организација на Здружението за култура и уметност „Артистико“ – Скопје.

Во рамки на фестивалот, како што соопштија организаторите, учениците, студентите и професорите по кларинет како и пошироката публика, ќе имаат можност да проследат концерти, семинари и едно стручно предавање за кларинет.

Како гости ќе учествуваат двајца еминентни кларинетисти од странство  – Пјер Генисон од Франција (артист на Buffet Crampon и познат интернационален солист) и Ромуалд Голебиовски од Полска (солист и професор по кларинет на Музичкиот универзитет „Фредерик Шопен“ во Варшава).

Тие ќе одржат дводневни семинари за кларинет, а ќе се претстават и со заеднички рецитал на 3 јуни во салата на Музејот на македонската борба, со почеток од 19 часот.

Фестивалот ќе биде отворен вечер во 19:19 часот во Салон 19.19 при КИЦ-Скопје со концерт на ученици и студенти по кларинет.

„Кларифест Скопје 2021“ е финансиски поддржан од Министерството за култура, а меѓу  партнерите во организирање на настанот се познатата марка за кларинети Буфет Крампон – Париз, познатата марка за писки за кларинет „Марка“ – Франција, Француски институт  Скопје, Амбасадата на Република Полска во Скопје.

Сите настани се од отворен тип, но со ограничен број на посетители и со примена на сите мерки за заштита од ковид-19. 

Алчноста за максимизирање на површината на градење ја помина „црвената линија“. Градот полека ја сече гранката на која седи.

повеќе

Пристигна барањето од етничкиот албански фактор во политиката за тоа да има промена во химната, знамето и грбот на државата.

повеќе

Доколку најмоќните луѓе во земјата (вклучително и претседателот Милановиќ) не престанат со вербалните напади и притисоци врз новинари и медиуми, се плашам дека Хрватска ќе појде по стапките на Унгарија, Полска и Словенија во однос на (не)слободата на медиумите, што секако не е европски, туку автократски пат.

повеќе