Кавалџијата Ангеле Димовски добитник на Златна бубамара за животно дело

Кавалџијата Ангеле Димовски, еден од најпознатите во традицијата на македонската музика, е овогодишен добитник на Златна бубамара за животно дело.

Роден е 1948 во музичко семејство, во кое се негувало свирењето на кавал, гајда, зурла и тапан.

Повеќе од пет децении Димовски е вклучен во широк опсег музички активности. 40 години поминал во РТС како член на Оркестарот на народни инструменти, во еден период и како негов раководител. Има снимено повеќе од 10 илјади минути различен музички материјал. Настапувал во повеќе европски земји, но и во Австралија, Канада и Јапонија.

Познат по своите изведби на народна музика, Димовски со својот кавал имаше голем придонес и кон статусот на албумот „Свјат Dreams“ на групата МИЗАР како едно од класичните дела во историјата на современата македонска музика.

Музичката традиција во семејството Димовски продолжува и денес преку семејниот оркестар „Шарен кавал“, во кој учествуваат сопругата, ќерката и двата сина, кои настапуваат и во групата „Синтезис“.

Даночните затајувачи сѐ почесто се мали фирми, кои сѐ потешко се следат.

повеќе

Повлекувањето на Обединетото кралство од ЕУ (Брегзит) е правен потфат без преседан во историјата на правото.

повеќе

Изминатата недела имаше бурен почеток со објавувањето на вториот сет мерки. Се изнаслушавме разно-разни коментари, предлози и видувања кои никако не би можело да се рече дека се засновани на прецизни анализи и предвидувања на надлежните институции во државата, со кои располагаме, НБРСМ и МФ.

повеќе