„Кармина Бурана“ вечер во МОБ

Најпопуларната сценска кантата „Кармина Бурана“ од германскиот композитор Карл Орф вечер од 20 часот е повторно на сцената на Македонската опера и балет. Режисер е Дејан Прошев, кореограф Кан Арслан од Турција, диригент Бисера Чадповска.

Кантатата се заснова на 23 песни од збирка средновековни текстови и песни „Кармина Бурана“, пронајдена во манастир во јужна Германија. Дел е од Орфовиот триптих кантати „Трионфи“ пишувани врз латински текстови, заедно со „Кармина Катули“ и „Трионофо ди Афродите“.

Најпозната е по делот  „Фортуна императрикс мунди“ или „О фортуна“ – дел со кој се отвора и се затвора ова музичко дело. Кантатата првпат била изведена во Франкфуртската опера на 8 јуни 1937 и веднаш имала голем успех.

Во вечерашната изведба на „Кармина Бурана“ настапуваат хорот, оркестарот и балетскиот ансамбл на МОБ. Оперски солисти ќе бидат сопранистката Катерина Стојановска, контратенорот  Дејан Стоев и баритонот  Горан Начевски, а балетски солисти се: Марија Кичевска-Шокаровска, Ивана Коцевска, Саша Евтимова, Давиде Буфоне од Италија и Мирослав Митрашиновиќ.

Северна Македонија стана кандидат 9 години пред Албанија и нема ништо лошо побрзо и да оди напред.

повеќе

Сега, додека балканскиве политичари ќе шетаат низ духовноста како волови во свила - каде им се врвните интелектуалци што би внеле елеганција во совладување на споровите?

повеќе

Рециклирањето можеби ни се чини како спас за природата, но најчесто е спасение само за нашата (валкана) совест.

повеќе