Јон Ајди објави нова песна

Waste No Love е најновата песна што ја објави кантавторот Јон Ајди (Yon Idy). Оваа песна може да се смести во жанрот поп и поп-рок. Комплетен автор на песната е Јон Ајди. Тој, исто така, ги сними акустичната и електричната гитара, како и пратечките вокали. Песната е снимена во студио Подрумот, со продуцентот Ангел Ќосев. Мастерингот го направи Бобан Апостолов – naBBoo.

Двете претходни песни на Јон Ајди – Gentle и Walking the Line of Love, веќе станаа дел од плеј-листите на радио-станиците низ  Балканот, но и на значителен број радио-станици во Европа.

Јон Ајди е кантавтор од Скопје. Тој главно користи акустични инструменти, кои ги свири самиот, го пее водечкиот вокал, како и пратечките вокали.

Јавното здравје и економијата одат заедно и во време на пандемија, па затоа најдобриот начин да ѝ се помогне на економијата во оваа криза е ако се воведат адекватни рестрикции за пандемијата да се стави под контрола.

повеќе

Стопанската комора на Македонија со донесувањето на 4-тиот сет на мерки гледа остварување на ветеното дека Владата на РСМ и во услови на здравствено- економска криза ќе стои зад компаниите.

повеќе

Оваа парафраза на големиот Иво Андриќ, нобеловец и водечко книжевно име на Балканот, за малку ќе го погодеше лично него.

повеќе