Maкедонска филхармонија

Јаболки и круши за уметнички души - концерт на Мијата

Овој акустичен кабаре концерт ќе биде вистинско уживање за публиката, органска музика за сите сетила...

Камерната сала на Македонската филхармонија ќе биде местото каде што на 30-ти ноември (петок) во 20 часот, ќе се одржи концертот на Мијата, наречен „Јаболки и круши за уметнички души", што всушност претставува акустична кабаре претстава и одлична симбиоза на музиката и театарот.

„Создадовме прекрасен перформанс кој изобилува со моја музика изведена од повеќе акустични инструменти како што се гитара, контрабас, перкусии, пијано... За уживањето да биде уникатно, на сцената ќе има и пантомимичар и рецитатор... Овој акустичен кабаре концерт ќе биде вистинско уживање за публиката, органска музика за сите сетила", вели Мијата.

Режијата за овој акустичен кабаре перформанс е на Војо Цветановски, а „делото“ го сочинуваат: Мијата како вокал, Мето Јанакиевски во улога на пантомимичар и физички театар, Ајхан Куртов на пијано, Зоран Костадиновски (акустична гитара), Ратко Даутовски (кахон и перкусии) и Кирил Туфекчиевски на контрабас. Ангела Здравковска ќе биде придружен вокал, Тања Рибарска ќе ја има улогата на инспициент, а за рецитациите ќе биде задолжена Јелена Мијатовиќ.

Преку „Јаболки и круши за уметнички души" Мијата ја раскажува својата приказна преку своите песни, но на еден многу интимен начин.

Ова е ретка можност еден вокален изведувач да се најде во улога и на актер и тоа во концертно издание. Мијата со сите овие уметници на сцена, ќе создаде едно ново видување на својата музика раскажано на акустичен начин и ќе ги соедини за миг, музиката и театарот.

Едно е сигурно, додава Мијата, заедно со публиката во прекрасниот амбиент на Камерната сала на Македонската филхармонија, ќе создадеме ноќ за паметење.

 

Без оглед на фактот што од постоењето на уметноста постои и теорија и приказна за тоа, уметничкиот процес останува крајно неразбирлив.

повеќе

Што е потребно младите велешки занаетчии да не станат самоубиствени гемиџии, туку да ги тераат своите замисли напред.

повеќе

Брзата храна и газираните пијалоци се водечки причинители на прекумерна телесна тежина, која пак значително го намалува нашиот животен век и квалитет на живот.

повеќе