„Време е за чај“

Изложба и музички перформанс на францускиот уметник Рено Рулман

Галеријата „Остен" вечер од 20 часот ќе организира самостојна изложба „Време е за чај" и музички перформанс на францускиот мултимедијален уметник Рено Рулман кој ќе ги претстави своите графики-цијанотипии.

„Циклусот „Време е за чај” е серија на цијанотипии, специфичен фотографски графички процес со кој се продуцираат цијано-сини графики. Како фотограф на аналогна фотографија, Рулман ќе се претстави со 30 цијанотипии – како омаж на оваа техника (1842 г.), преку кои ќе покаже како да се направат копии од растенија како хербариум. Се работи за мешавина од сликарство, фотографија и геометрија. Дополнително, уметникот ќе изведе музички перформанс со генерирање музика од македонски цвеќиња на отворањето на изложбата“, соопшти „Остен“.

Рено Рулман (1982) е француски аналоген фотограф кој има специјализирано на музичка фотографија и архитектура. Во текот на десет години работи со неколку мизичари, брендови и простори во музичката индустрија и соработува со градители и креатори на стара органска архитектура. Користи стара техника на црно-бели филмови и е посветен на создавање  цијанотипии со кои создава архива на растенија со кои ја зачувува убавината на природата.

 Рулман создава и музика и со „Звуците на природата” развива проект со кој преку звук се сензибилизира комуникацијата со вегетацијата. Создава хербален звук со поврзување на растенија во живо, за да ги прикаже и валоризира терапевтските и медицинските можности на растенијата. 

(Реакција на колумната на Наум Кајчев, „За Гологанови и нашата заедничка историја“, 15 септември 2019, МКД.мк)

повеќе

Деликатна јазична авантура е ако се излезе од основното и утврдено значење на зборовите и се прејде во сферата на жаргонот и колоквијалноста.

повеќе

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе