„Интерфест Битола 2019“ почнува со гала оперски концерт

Интернационалниот фестивал на класична музика „Интерфест Битола 2019“ ќе почне со гала оперски концерт на солисти и оркестарот на Националната Опера и Балет, и под диригентство на Бисера Чадловска и Иван Еминовиќ.

Свеченото отворање на 28. издание на „Интерфест“ ќе се одржи во среда, на 2 октомври од 20 часот на сцената на битолскиот Театар.

Според програмата, до 11 октомври на фестивалските сцени во битолскиот Музеј, Центар за култура и Народен театар-Битола, ќе настапат уметници од Италија, Франција, Полска и Северна Македонија.

Годинава од Италија гостуваат дуо хармоника и пијано Џанкрало Калабриа и Симоне Пагани, дуо гитара и пијано Лапо Ванучи и Лука Ториџиани, како и италијанското барокно трио „Стара музика“ со кои ќе заврши фестивалот. Но, во Битола концерти ќе приредат и дуо Фортчело од Франција, дуо пијано и флејта Тереза Кабан и Хенри Блажеј од Полска, како и македонските уметници Томе Костовски-пијано, Валентин Наумов-виолина и Верица Дивитарова-пијано.

Интернационалниот фестивал на класична музика „Интерфест“ се одржува од 1992 година, а иницијатори и основачи се  Милица Шперовиќ Рибарски и Кирил Рибарски.

Минатата недела, Сирија повторно беше на врвот на меѓународните вести. Земјата, која долги години е вклучена во борбата против екстремистичките групи, повторно се соочи со нов бран на агресија и воена акција. Во средата, на 9 октомври, турската армија, заедно со сириските антивладини бунтовници, го започна маршот кон североисточните делови на оваа земја што предизвика жестоки борби.

повеќе

Добар изборен систем треба да биде репрезентативен, но и да овозможува ефикасно владеење.

повеќе

Луѓето можете и ги задржите во сопствената земја - ако им е добро.

повеќе