И песни од Македонија во потесниот избор за наградата „Милан Младеновиќ“

Откако беа преслушани 219 песни од целиот регион, колку што беа пријавени на конкурсот за наградата Милан Младеновиќ 2022 година, кои ги исполнија условите на натпреварот, стручното жири одбра 45 кои се најдоа во полуфиналето.

Меѓу избраните песни се најдоа песните од Македонија „Афродизија“ - Јовче Пандев, „Бегаме“ - Дани Димитровска и Пијан Славеј, како и „Дома“ на талентираната Дина Јашари, која и лани влезе во потесниот избор за наградата.

Жирито го сочинуваше Миле Кекин (Хрватска), Соња Лончар (Србија), Матјаж Манчек (Словенија), Едо Плованиќ (Хрватска) и Драгиша Ускоковиќ Чима (Србија). Тие сега имаат задача да изберат 12 финалисти, кои ќе бидат познати на почетокот на август и ќе бидат објавени на промотивна компилација во продукција на Задужбина Милан Младеновиќ.

Наградата Милан Младеновиќ е востановена во 2019 година со цел да се поттикне музичката креативност која се карактеризира со вредностите својствени на уметничкото наследство на Милан. Се доделува за најдобра песна од територијата на поранешна Југославија на церемонија на 21 септември, денот кога се роди Милан, некогашен лидер на култниот состав „Екатарина Велика“.

Добитници на првата награда во 2019 година беше бендот Артан Лили со песната „Д.Е.П.Р.А“, втор лауреат е групата Драм 2020 година со песната „Дај ми све“, а третонаградените со наградата Милан Младеновиќ беа на групата Ана & The Changes за песната „Ту“.

Добитниците на наградата Милан Младеновиќ ќе бидат наградени со статуетка на Фондацијата и парична награда од 3.000 евра. Посебен подарок ќе добие и најиновативниот тапанар - тапан „Fircie Drums“.

Одлучната изборна победа на италијанската десница овозможува нејзиниот лидер да биде првата жена премиер во Италија и прва која тврди дека недвосмислено има постфашистичко потекло.

повеќе

Нов фронт за работа на градежните фирми на веќе изградените згради (и куќи) треба да биде топлинската изолација.

повеќе

Во Македонија не постои никаква забрана за конверзиона терапија, а лиценцираните психолози што може да се јават како спроведувачи или наведувачи на ваква „терапија“, за жал, не сносат никакви последици.

повеќе