И годинава фестивалот „Џез фактори“ во Битола

Во Битола вечер почнува 4. издание на фестивалот „Џез фактори“ чија програма ќе биде изведена во Битолскиот театар и кафе-барот „Порта џез”.

Оваа година доминира акустично издание на фестивалот и фокусот е на акустичното пијано, најави во пресрет на вечерашното отворање, организаторот на фестивалот, професорот Сашо Поповски.

„На фестивалот во Битола ќе настапат реномирани имиња од џез сцената во регионот и светот. Во пандемиската година се создаде нова и интересна музика, имаме 4 премиери на 4 албуми кои ќе може да ги чуеме. Се надевам дека ќе имаме голем број посетители, бидејќи имаме звучни и водечки имиња во џезот“, посочи Поповски и најави дека фестивалот „Џез фактори“ ќе го отворат Васил Хаџиманов, Мартин Ѓаконовски и Александар Секуловски. Програмата продолжува наредниот ден со настапот на Пеѓа Милутиновиќ и Drumbooty квинтет, а на третиот ден ќе настапат Human touch и Филип Динев трио.

Во рамки на програмата ќе се одржи хибридна конференција на која ќе зборуваат Винко Михајловиќ, директор на џез фестивалот во Петровац, Драган Влајниќ директор на џез фестивалот во Кикинда, Ема Попивода, пијанист и директор на Модоарс фестивалот, Бојан Стефковски, директор на Jazz Fortnight фестивалот, Арлет Ховинга, џез прес промотер и медиумски директор на thatjazzgirl.me, Симон Петерман, музички директор и радио презентер , Роби Јамник, директор на Џез Равне фестивалот.

За публиката во Битола ќе биде приредена и изложба чиј автор е фотографката Татјана Ранташа, а во Порта џез со свој диџеј сет ќе се претстави Јордан Николов.

Фестивалот е поддржан од општината Битола, Министерството за култура и НУ Народен Театар Битола.

Министерството за финансии во изминатиот период активно работеше на реформа за унапредување на фискалната децентрализација, која нуди сериозно системско решение за стабилни финансии на општините кои ќе значат одговорни општини и испорака на квалитетни и ефикасни услуги за граѓаните. 

повеќе

Либералната империјалистичка доктрина на Америка е одговорна за ужасниот масакр во места како Виетнам, Ирак и Централна Америка. Но Америка, исто така, произведе либерална антиимперијалистичка доктрина што останува затскриена во една ТВ-серија што ја восхитува американската публика уште од 1966 година.

повеќе

Граѓани, бегалци, мигранти, веќе не ни е важно – се чини дека никој не гледа светла иднина за себе во Албанија.

повеќе