Хорот „Св. Злата Мегленска” настапи во Келн и Дизелдорф

На покана на почесниот конзул на Македонија за Северна Рајна Вестфалија, Холгер-Михаел Арндт,  и со поддршка на Министерството за култура на Македонија, хорот „Св. Злата Мегленска” овој викенд оддржа настапи во Келн и Дизелдорф под водство на диригентката Летка Димовска-Полизова. Оваа година хорот „Св. Злата Мегленска” прославува 25 години од неговото постоење.

Саботниот настап се оддржа во црквата Св. Пантелејмон во Келн на кој присуствуваше претставник на Владата на Северна Рајна Вестфалија.

Вчера хорот настапи во црквата Свети Гертруд во Дизелдорф.

Хорот во рамките на својот репертоар испеа композиции од православната музика на композиторите  Шуплевски, Запров, Бортнјански, Архангелски, Чесноков и др., како и композиции од македонската народна музика, меѓу кои беа изведени „Дафино вино”, „Со маки сум се родила”, „Еј мори Лено”, „Јовано, Јованке”, „Рум, дум, дум”. Како солисти настапија Надежда Рубен, Јулија Карамитрова Огненоска, Македонска Петреска и Анета Баталаковска.

Настапите на хорот беа проследени со голем аплауз од страна на публиката, при што Полизова се заблагодари за големиот интерес од страна на публиката како и одличната соработка со организаторите.

Одлучната изборна победа на италијанската десница овозможува нејзиниот лидер да биде првата жена премиер во Италија и прва која тврди дека недвосмислено има постфашистичко потекло.

повеќе

Нов фронт за работа на градежните фирми на веќе изградените згради (и куќи) треба да биде топлинската изолација.

повеќе

Во Македонија не постои никаква забрана за конверзиона терапија, а лиценцираните психолози што може да се јават како спроведувачи или наведувачи на ваква „терапија“, за жал, не сносат никакви последици.

повеќе