Хип хоп фест викендов во Гази Баба

Овој викенд на 3 и 4 септември во Автокоманда, на две локации (Дом на култура „Димитар Влахов" и плоштад Коцка) ќе се одржи Гази Баба Хип хоп фест. Ќе се одржува два дена, а намерата е да ги задоволи вкусовите на сите кои ги интересира алтернативната култура.

Организаторите изјавуваат дека настанот ќе се реализира бидејќи на младите во Скопје, посебно во Гази Баба, им е потребно заживување на алтернативната културна сцена.

Учесници на фестивалот се хип хоп активисти од Гази Баба и пошироко, а четирите настани кои се дел од него можете да ги погледнете на официјалниот плакат.

Сабота е ден наменет за тинејџерите кои можат да  присуствуваат на танцов перформанс на колективот Еурека, а подоцна и на теориска и практична обука (цртање на графити на отворено) за графити уметноста со Vutar.95.

Во недела ќе се одржи интерактивна трибина на актуелна тема – хип хоп културата во општество на конзумеризам со Кацар и Сузи Тенева на која посетителите ќе можат да се вклучат со своето мислење, по што ќе следи рап концерт и неформална хип хоп дружба со Давид Блек, Пецо Исток, Алфа и Тони Зен.

Концептот на даночната реформа, кој го претставивме минатата недела на заедничка прес конференција со премиерот е дел од поголем процес за креирање на оптимален даночен систем кој ќе биде праведен и ќе го поддржи економскиот раст.

повеќе

Ракот на корупцијата и понатаму е ендемичен, а актуелната власт сè повеќе потпаѓа под лошите навики на претходниот режим на Никола Груевски.

повеќе

Ех какво време дојде, да се стремиме кон нула. Уште повеќе, да постигнеме нула.

повеќе