Ѕвездата од „Медена земја“

Хатиџе Муратова ја сними својата прва песна, „Покрај река Брегалница“

Хатиџе Муратова, која стана светска ѕвезда со филмот „Медена земја“, ја сними својата прва песна, „Покрај река Брегалница“, напиша на Твитер кинематографот на филмот Самир Љума.

„Медена земја“ беше номиниран за Оскар, а и покрај тоа што не ја доби наградата, Хатиџе ги освои срцата на целиот свет.

„Супер си поминувам овде. Најмногу му се радував на океанот. Утре се враќам назад. Но сакам малку да ме остават на раат. Си имам јас работа со пчелите“, рече тогаш Муратова од Холивуд.

Сега и ние, покрај пчелите, на кои им пееше досега, ќе го имаме задоволството да го слушаме нејзиниот глас.

За преродба требаат само три чекора: промена на изборниот модел, укинување на мега и квази државниот апарат заедно со сите паразити во него и економски план за ревитализација на земјата.

повеќе

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе