Класична музика

Гудачкиот квартет на Пламенка Трајковска ќе изведе шест концерти во Ѓорче Петров

На 28-ми февруари, во 11.30 часот, ќе се реализира првиот од серијата концерти во општина Ѓорче Петров во кои ќе бидат опфатени сите ученици од шесте основни училишта на територија на општината. Пламенка Трајковска со својот гудачки квартет ќе го реализира концертот за деца со наслов „Музика и танц“ во Центарот на културата „Ѓорче Петров“.

На програмата на гудачкиот квартет на Пламенка Трајковска се дела од класичниот репертоар за гудачки квартет на кои во минатото се танцувало, посовремени танци, класични теми во кросовер стил и македонска традиционална тема.

На концертот во гудачкиот квартет, покрај Пламенка, ќе настапат и Наташа Диденко на виолина, Љубица Бошкова на виола и Маја Михајловска на виолончело.

На првиот концерт ќе бидат поканети учениците од ООУ „Тихомир Милошевски“, а во текот на месецот март и април ќе бидат организирани уште пет концерти.

„Навистина многу се радуваме што општината Ѓорче Петров широкоградо ја прифати нашата иницијатива. Ќе обезбедиме за сите ученици вистински концерт со класична музика во нивната општина во нивното маало. Во Домот за културата во Ѓорче Петров ги имаме сите услови за реализацијата на концертите, гудачкиот квартет интензивно ја подготвува програмата и верувам дека ова е почеток на интензивна соработка со општината Ѓорче Петров“, истакна Трајковска.

Пламенка Трајковска - мали камерни состави изминатиот период реализираа повеќе концерти за деца во Скопје и во градовите низ Македонија, а во наредниот период го најавуваат концертот за деца на 9 март во Ресен и концертите во Штип, како и во камерната сала на Македонската филхармонија со наслов „Што е тоа... гудачки квартет“.

По реализацијата на концертите во Општина Ѓорче Петров тие ќе продолжат со концертите во сите скопски општини во кои добија одобрение за реализација на концерти за деца.

Западен Балкан оди во насока на целосна контрола на државните институции во служба на политичките елити. Не е чудо што граѓаните имаат ниска доверба во овие институции.

повеќе

Граѓаните се преморени од бескрајните, приказни на предавници и патриоти, тирански платформи, договори со Грција, Бугарија, рекети, пописи, тендери,

повеќе

Критичкото малцинство, на 2020 година не гледа само како на година која ја донесе вирусната пандемија, туку и како на година која донесе и еден друг вид на пандемија, онаа на КОВИД-авторитаризмот.

повеќе