Грин бич почнува вечерва со светската легенда Пол Калкбренер

Вечерва во 21:00 часот, најпознатиот фестивал на електронската музика во земјава, Грин бич (GREEN BEACH) ги отвора фестивалските капии за своето јубилејно 10-то издание кое сѐ до раните утрински часови во сабота, ќе се одржува на фестивалската локација кај хотел Еуротел во Струга.

Фестивалот ја продолжува традицијата на претставување на врвните уметници од светската сцена во зенитот на нивната кариера и премиерно во земјава. За прославата на овој значаен јубилеј, илјадниците посетители на овој настан ги очекува и најгламурозното издание досега со врвна продукција и ексклузивно подготвени сценски визуелизации.

Спектакуларното отворање на фестивалот вечерва ќе го предводи апсолутниот лидер на современата светска електронска сцена Пол Калкбренер (PAUL KALKBRENNER) чиј настап ќе почне во хедлајнерскиот термин на вечерта, од 1:45 часот. Врвниот уметник кој важи за институција на светската техно сцена, гостува премиерно во Македонија и тоа во рамки на неговата актуелна светска турнеја „Parts Of Life“ која веќе брои повеќе од 60 настапи ширум светот и скоро сите од нив се целосно распродадени.

Како еден од најголемите светски електронски продуценти Калкбренер познат е по хедлајнерските настапи на најголемите фестивали и стадионски спектакли пред стотици илјади луѓе, кои пред него беа резервирани само за најголемите светски бендови како што се „Ролинг Стоунс“ и „Ју-Ту“. Уште поголема ексклузивност на овој настан е и фактот дека станува збор за диџеј-продуцент кој настапува исклучиво во живо, правејќи ги неговите сетови секогаш непредвидливи и високо ценето доживување на современата електронска сцена.

Покрај него, на најголемата бина досега на Грин бич вечерва ќе настапи и претставникот на домашната електронска сцена, одличниот диџеј Балоски кој со својот настап од 22 часот ќе ја отвори првата фестивалска вечер.

Утре на Грин бич фестивалот ќе има уште еден премиерен настап на техно/хаус тандемот  Адриатик (ADRIATIQUE). Настапот на Aдриатик ќе почне во 00:00 часот, а втората фестивалска вечер ќе ни ги донесе и настапите на македонските диџеи Давид Крстевски и Александар Младеновиќ од 22:00 часот.

 

Помина времето кога политиката беше „шаховска борба“ на политичките актери, која неретко се одвиваше далеку од очите на јавноста и беше доста неразбирлива за обичниот гласач. 

повеќе

Државата треба повеќе да се вклучи во промовирање на младинско претприемништво како економска активност која би помогнала за намалување на невработеноста.

повеќе

Без оглед на политичката заднина на случајот за изнудување, владата во Скопје мора да се фокусира на темелна истрага наместо на ограничување на штетата.

повеќе