НОВ МАКЕДОНСКИ РОК - СПОТ

ГЛАСНО! на бендот Визија - Време на маски и привид

Скопскиот алтернативен рок бенд Визија објави спот за песната „Гласно!", од истоимениот албум кој во декември минатата година беше концертно промовиран во Младинскиот културен центар. Снимен е на една локација, а темнината која доминира е одраз на актуелната ситуација, која може да се „прочита“ и во останатите песни на бендот.

Автор на видео записот (режија, сценарио, камера и монтажа) е гитаристот на бендот - Марко Џамбазоски. Спотот официјално е објавен денеска на You tube каналот на Визија.

Песните од албумот ГЛАСНО!, заедно со музичкиот израз, се реакција на реалноста во овој наш, мошне збунувачки свет, поради која на младиот човек му доаѓа да викне ГЛАСНО! зашто ПАЃА МРАК, па да испушти КРИК и ДА ЈА УБИЕ ТИШИНАТА, а потоа да порача дека треба да се ЗАМИСЛИ СВЕТ подобар од овој сегашниот во кој, очигледно, потребно е да се има вистинска ВИЗИЈА, велат членовите на бендот, посочувајќи ги насловите на неколку свои песни..

Поголемиот број од песните на албумот се снимени во студиото „Rock & Roll" во Скопје под „студиските палки" на Ѓорги Мишковски, две во музичкото студио на РТВ во Нови Сад во продукција на мајсторот на звукот од лондонските студија Алан Окоунел, а некои од песните се снимани во соработка со студенти на „Есра".

Визија пред година и пол го објави својот прв официјален видео запис на песната ,,Гласот на мојата душа", кој на социјалните мрежи беше прогласен и за најдобар рок – спот за 2015 година.

Бендот Визија постои 5 години, а во него членуваат Марко Џамбазоски, соло гитара и придружен вокал, Марко Гапо, вокал и ритам-гитара, Лилјана Јанкова, бас-гитара и придружен вокал и Синиша Ѓорѓевиќ, тапани.

Групата има настапено на дел од поголемите балкански фестивали како што се Заечарската гитаријада, Таксират, Јелен Демофест, Лејк Фест, Миксер и други. За Визија се пишува и надвор од Балканот - бендот доби одлични критики од американската радио станица „WMBR" и од британскиот музички веб сајт „Emerging Indie Bands" кој на листата на најдобри 90 нови бендови во Светот за 2014 година, ја рангира „Визија" на високото седмо место.

Во наредните денови Визија ќе реализира мала турнеја низ регионот - „Гласно!" ќе биде промовиран со жива свирка во повеќе градови. Прв град на листата е Заечар, каде бендот пред три години настапи на Заечарска гитаријада, веднаш зад Парни ваљак, пред околу 50.000 фанови на рок – звукот.

                                                                                       К.Р.   Фото: Jodi Hilton

Македонија треба да започне со процесот на усвојување модел за правно признавање на родот со почитување на фундаменталните права и правото на личен и телесен интегритет на транс луѓето.

повеќе

Парадоксалните судски процеси во државава, сами по себе родија парадокс.

повеќе

Следејќи ги слепо своите геостратешки планови, можно е американските геостратези и во Македонија да направија уште една грешка, во низата грешки во последните две декади.

повеќе