Германскиот виолончелист Алштед вечерва ќе настапи на концертот на Филхармонијата

На вечерашниот концерт на Филхармонијата солист ќе биде германскиот виолончелист Николас Алштед, еден од најбараните инструменталисти на светската музичка сцена. На програмата е Концертот за виолончело и оркестар од Мјачеслав Вајнберг и „Чудесниот Мандарин“ од Барток. Со оркестарот ќе диригира Ален Бурибајев од Казахстан. Со концертот почнуваат и 20. „Есенски музички свечености“ на кои до 28 ноември ќе има уште десет програмски настани во организација на Дирекцијата за култура и уметност-Скопје.

Виолончелистот Алштед настапува како солист и диригент, а неговиот репертоар е широк и опфаќа дела од сите музички епохи. Свирел со врвни светски оркестри и соработувал со диригенти како Ека Пека Салонен, сер Невил Маринер, Владимир Ашкенази, Густаво Дудамел…

„Алштед е исклучителен виолончелист кој има индивидуален и препознатлив начин на изведба, а пред македонската публика ќе се претстави со Концертот за виолончело и оркестар од Вајнберг, антиформалистичко дело кое било затворено во фиоката на композиторот до смртта на Сталин“, соопшти Филхармонијата.

Во последните години, Алштед често работи и настапува како диригент. Фасцинантно со диригирањето, вели тој, е што открива и се среќава со нови дела.

„Диригирам најмногу поради репертоарот. Колку и да ми е возбудливо да проучувам и свирам дела за виолончело, чувствувам дека пропуштам многу други шанси за проширување на хоризонтите кога се држам цврсто до инструментот. Не сакам да живеам живот на музичар без да имам искуство со проучувањето на делата од симфониската, хорската или камерната музика“, изјавува Алштед.

Тој вечер ќе го изведе Концертот за виолончело и оркестар од Мјачеслав Вајнберг – полски композитор кој емигрирал во Русија и, како што наведува Филхармонијата, е едно од најдобро скриените богатства во музиката на 20 век.

Често бил во сенка на неговиот близок пријател Дмитри Шостакович, а неговиот опус полека почнал да се открива во доцниот 20 век. Неговата музика е микс од традиционални и современи форми во кои доминира индивидуалниот музички јазик со уникатно чувство за колорит.

„Чудесниот Мандарин“ од Бела Барток, пак, кој е исто така на програмата на вечерашниот концерт,  е музичко дело напишано за истоимениот пантомима-балет. Неговата прва изведба во Келн во 1926 година била проследена со низа контроверзии и цензура, главно поради „прекршените“ морални кодекси. х

Социјалниот маркетинг веднаш би можел ефективно да придонесе во напорите против нееколошкото однесување во нашата земја.

повеќе

Античкиот грчки филозоф Хераклитус, кој живеел пред Сократ, Платон и Аристотел, е авторот на често користената поговорка „панта реи“ (Panta rei), односно, во превод, поедноставено: ,„сѐ тече, сѐ се менува, ништо не останува исто, нема апсолутна вистина и единствена реалност е повеќегодишно движење“.

повеќе

Интеграциите и буџетски субвенционираната економија и социјала се проектираните теми на кампањата на власта за претстојните избори.

повеќе