Гала-оперски концерт „Пучини и Росини“

Македонската опера и балет вечер од 20 часот во рамки на Мајските оперски вечери организира гала-оперски концерт посветен на композиторите Џакомо Пучини, по повод 160 години од неговото раѓање, и Џоакино Росини, за 150 години од неговата смрт.

- На концертот ќе бидат изведени композиции од нивните ремек-дела „Италијанка во Алжир“, „Пепелашка“, „Севилскиот бербер“ од Росини, како и дела од оперите „Манон Леско“, „Тоска“, „Турандот“ од Пучини, соопшти МОБ. 

Диригенти на концертот се Рафаеле Масколо и Бисера Чадловска. Ќе настапат првенците од Македонската опера и балет: Ирена Кавкалевска, Славица Петровска-Галиќ, Горан Начевски, Наде Талевска-Спасовска, Сандра Митровска, Дарко Нешовски, Никола Китановски, а гостин-солист  ќе биде сопранистката Елена Баканова од Русија. 

Според Законот за вработените во јавниот сектор, службениците можат да примаат подароци во вредност до 3000 денари годишно, што се смета за „пониска вредност“.

повеќе

Кинеското присуство во Македонија не треба да се преценува или стигматизира, туку да се искористи,

повеќе

Земјите од Западен Балкан се соочуваат со нов безбедносен предизвик: дерадикализација и реинтеграција на повратниците.

повеќе