Филм, изложба и концерт за Влада Дивљан на „Синедејс“

Во кино „Фросина“ вечер од 21 часот во рамки на фестивалот „Синедејс“ ќе биде прикажан музичкиот документарец „Небеска тема“ посветен на Влада Дивљан, најпознат како фронтмен на српскиот и ексјугословенски рок-бенд „Идоли“. Во Галеријата на МКЦ ќе биде отворена изложба на фотографии насловена „Влада“, а концерт ќе има белградската група „Звук улице“ во чија прва постава членуваше и Дивљан.

Филмот „Небеска тема“ го режираше Младен Матичевиќ и во Србија премиерно е прикажан во мај годинава. Во него се интервјуирани 30-ина личности, меѓу нив и Дарко Рундек  Бајага, Срѓан Гојковиќ Гиле, Душан Којиќ Која….  Тие зборуваат за Дивљан кој почина пред четири години, како и за „Идоли“ која беше меѓу рок-бендовите што го почнаа југословенскиот нов бран на културната сцена во поранешна Југославија во 1980-тите години.
Изложбата „Влада“ ќе биде отворена пред проекцијата на филмот и ќе прикаже фотографии направени од Горанка Матиќ. Тие се за различни фази од животот на Влада Дивљан: од периодот на првиот албум на „Идоли“, првиот белградски концерт во СКЦ, концертот во култниот „Кулушиќ“ во Загреб, во „Дом омладине“ во Белград, проби и фотографии од секојдневието на познатиот музичар. Изложбата ја следи кариерата на Влада Дивљан (1958-2015) заклучно со неговата работа и настапи со „Old Stars Band“. Изложбата ќе биде отворена за посетителите до 16 ноември.
Од 22.30 часот, пак, во МКЦ концерт ќе одржи бендот „Звук улице“ основан во 1976 година во Белград, во чија оригинална постава (гитара, вокал) беше и Дивљан.  Должностите надвор од бендот предизвикале негово расформирање, по што Влада Дивљан и Зденко Колар ги продолжија своите кариери во „Идоли“, каде што по отслужувањето на воениот рок им се придружил и Кокан Поповиќ.
 

Силите на антиглобализацијата веќе стануваат доволно моќни да и зададат значаен удар на светската економија. 

повеќе

Не се соочуваме со вооружен конфликт, туку со војна на мисли. Чувството на страв, несигурност или територија по самоубиствен напад, никогаш повеќе не можеш да го вратиш.

повеќе