Филхармонија со концерт ќе ја одбележи годишнината од смртта на Гоце Делчев, диригент Христов од Бугарија

Филхармонија в четврток, на 6 мај, ќе одржи концерт со кој ќе ја одбележи годишината од смртта на македонскиот револуционер Гоце Делчев. На програмата се дела од Григ, Хендл, Маскањи, Моцарт, Сибелиус, Вагнер, Офенбах и Бизе. Како солистки ќе настапат Илина Митревска и Десислава Тодорова.

Христо Христов

Диригент е Христо Христов, Бугарија кој досега имал четири  настапи со оркестарот на Филхармонија. Последен пат, по истиот повод, на 4 мај 2019 година.

Христо Христов е диригент чиј музички талент доаѓа до израз уште на 12 години, кога ја добива првата награда по пијано на Националниот музички конкурс во Чирпан. Дипломирал на бугарската национална музичка академија и се дообразувал по оркестарско диригирање кај проф. Карл Остерајхер (Австрија), проф. Курт Зандерлинг (Германија) и проф.Илја Мусин (Русија).

Лауреат е на меѓународните конкурси за диригенти: „Јехуди Менухин“ – 1989, „Прашка пролет“ – 1990, „Игор Стравински“ – 1991 година.

Член е на повеќе интернационални жирија, а од 2021 година е претседател на Меѓународната фондација за соработка и културен натпревар, која го носи името на неговиот предок, Гоце Делчев.

На три месеци пред избори, Владата носи закони и уредби со катастрофални последици по граѓаните, што е просто неверојатно.

повеќе

ДУИ, која по конфликтот го вееше албанското црвено - црно знаме, потоа синото, на следните избори ќе го вее зеленото.

повеќе

Што правите министерке, кога ќе посетите еден приватен или државен иниверзитет за да видите што навистина се случува.

повеќе