Фестивалот „Скопје колинг“ презакажан за 12 септември

Фестивалот „Скопје колинг“ (Skopje Calling) поради актуелната состојба со коронавирусот е презакажан за 12 септември. „Авалон продукција", кој е организатор на фестивалот, денеска соопшти дека локацијата не се менува, односно останува стадионот на АРМ.

„Вини вичи, Махмит Орхан, Кирил Џајковски и Цирилик, како и нивните менаџменти го делат нашето мислење и артистите го потврдија своето доаѓање на 12-ти септември во Скопје. Иако состојбата на глобално ниво постојано се менува, сепак нашиот приоритет отсекогаш бил безбедноста на нашата публика, на артистите и на сите луѓе кои се инволвирани во реализација на фестивалот“, велат од „Авалон продукција“.

На сите оние што досега имаат набавено билети за фестивалот, ќе им бидат важечки и за новиот датум.

Доколку нешто радикално не се промени, не можеме да очекуваме дека нашата економија брзо ќе се нормализира и ќе излезе од сегашната криза.

повеќе

Како да разликуваш дали „Македонец” означува етничка припадност или државјанство? Според потребата на моментот!

повеќе