Фaтумата Дијавара ќе настапи на 18-от Оффест

Потврдено е првото име од програмата на Оффест 2019 - неприкосновената африканска дива Фатумата Дијавара (Fatoumata Diawara).

Една од водечките и најекспонираните претставнички на модерната африканска музика, Фатумата Дијавара со гордост го почитува и негува богатото музичко наследство на Мали и воопшто Африка, но со сопствена визија за иднината, оригиналност, инвентивност и подготвеност за експериментирање.

Нејзиниот спектакуларен деби албум “Fatou” (2011) ја лансираше како една од најатрактивните и највозбудливите нови ѕвезди на африканското музичко небо. Вториот албум “Fenfe” (2018) само ги потврди нејзините несомнено високи артистички, композиторски, пејачки и свиречки квалитети и го зацврсти статусот на една од најхаризматичните појави на африканската музика денес.

Иако млада, таа веќе има соработувано со некои од најзначајните имиња на современата музика: Херби Хенкок, Боби Вумек, Пол Макартни, Дејмон Албарн, Роберто Фонсека, Амаду и Мариам, Уму Сангаре, Тумани Дијабате и други. Позната е и по своите улоги како актерка во неколку филмови (меѓу кои наградуваниот „Тимбукту“), но и по својот општествен ангажман и активизам.

Концертот на Фатумата Дијавара во Скопје е закажан за 5 јуни, а информациите за местото на одржување и билетите ќе бидат објавени дополнително, информираат од Скопје џез фестивал.

 

Граѓаните сѐ повеќе ја согледуваат неопходноста од непартиска форма на самоорганизирање.

повеќе

Придобивките од дрвјата за урбаниот екосистем и квалитет на воздухот можат да се зголемат со систематско планирање на зелениот простор. Дизајнирањето на зелените простори во градовите треба да ја опфати и функцијата за чистење на воздухот.

повеќе

На Грците не им е важно дали вечно ќе ја нарекуваат соседната земја „Скопје“, или дали соседите утре сами ќе почнат да се нарекуваат „Република на Осамениот Бор“. Она што ним навистина им е важно е како ја нарекува остатокот од светот.

повеќе