Скопско лето

„Фантомски приказни: Sing along“ со оперски и оркестарски солисти

„Фантомски приказни: Sing along" е насловен перформансот по музика на Вебер и лирика на Харт кој вечер од 20.30 часот ќе се одржи во Куршумли ан во рамки на фестивалот „Скопско лето".

Настанот е најавен како како стенд-ап перформанс на оперски и оркестарски солисти, а се организира во соработка со  асоцијацијата „Полифонија“, Канадскиот музички центар од Скопје, Каутаун-опера Калгари. Диригент е Андреј Наунов, а подготвен по режија на Златко Славенски.

За утревечер „Скопско лето“ го најави концертот „Од класика до евергрин“ на „Скопски солисти“ во  Националната опера и балет. Диригент е Иван Еминовиќ, а солисти Наде Талевска-Спасовска – сопран и Горан Наумовски – естраден уметник.

На програмата „Кафе кино“, пак, вечер од 21 часот во Сули ан е проекцијата на швајцарската комедија „Стрикер (Гол натрапник)“ од 2017 година, во режија на Питер Луиси.

И покрај сите обиди, темата „Закон за јазиците" не „лепи".

повеќе

Дали ние, луѓето, сакаме да продолжиме да живееме добро и безбедно на оваа планета?

повеќе

САД остануваат најмоќната држава во светот, но францускиот претседател Макрон прави сѐ да стане своевиден „пандан“ на претседателот на САД.

повеќе