„Фантазија“ – вечерва рецитал на бугарскиот пијанист Евгениј Генчев

Бугарскиот пијанист Евгениј Генчев вечерва во камерната сала на Филхармонија ќе настапи со рециталот насловен „Фантазија“. На програмата се дела од Албинони, Шопен и Лист.

Генчев настапувал на многу концертни сцени во Европа, Северна Америка, Азија и Австралија и добитник е на повеќе од педесеттина национални и интернационални награди на натпревари за пијано. Последнава сезона настапуваше со Филхармонискиот оркестар во Мексико Сити, со Полската филхармонија „Фредерик Шопен“ во Гданск, со Филхармонискиот оркестар ЛИСМА во Њујорк, со Симфонискиот оркестар во Пловдив, соработувајќи со диригенти како Максимилијано Калди, Аркади Лејтуш, Језус Месина, Жан -Паскал Тортелие…

Неговите изведби се пренесувани и на телевизиски програми како „РТЛ“, „АРД“, „ЗДФ“, „Дојче веле“ и др. Настапувал и на телевизиското шоу на Хајди Клум – „Топ модел“, на фестивалот „ПаРус“во Дубаи заедно со Лука Шулиќ и Филип Киркоров…

Роден е во Бугарија, а пијано учел во Националното училиште за музика и танц „Добрин Петков“ во Пловдив. Својата едукација ја продолжува на Кралската академија во Лондон и на Интернационалната пијано академија „Incontri col Maestro“ во Имола, Италија. Ја има завршено и програмата за „уметничка диплома“ на училиштето за музика и драма „Гилдхол“ во Лондон. 

Во чест на Меѓународниот ден на трудот, вреди да се разгледа состојбата со работничките права во државата, да се направи краток осврт на изминатата година и да се согледа што може да се направи за да се насочат работите кон подобро.

повеќе

Таквиот вид на анахрон национал-романтизам, со речиси апологетски однос кон окупаторската политика на Бугарија во Втората светска војна, штетна е за хармонизација на односите на Балканот, пред сѐ на Бугарија со РСМ, но и со Србија.

повеќе

Некогаш да градиш на три континенти, а денес да не ја градиш сопствената држава.

повеќе