Фанк шуи се македонските финалисти на Хеми 2021

Еден од најпрогресивните музички состави кај нас, Фанк шуи, моментално актуелен со синглот "Не Време", се наоѓа помеѓу 9-те финалисти номинирани за "HEMI Music Award" - новата програма, наменета за талентирани музички изведувачи кои се подготвени да развијат меѓународна кариера и да ја пласираат својата музика на европско ниво.

Од вкупно 285 европски таленти од Централна и Југоисточна Европа, жирито првично избра 27 бендови од 9 држави, меѓу кои од Македонија беа избрани Плутос даутс, Фанк шуи и Ју, а во вториот круг, со гласовите од меѓународното жири, влегоа Фанк шуи, заедно со уште осум европски бендови.

Меѓународното жири на Центарот за размена на музички иновации HEMI, е составено од организатори на фестивали, промотори, менаџери, продуценти и музички новинари, меѓу кои се наоѓаат имиња како Едмонд Ленарт (Edmond Lenarth), букинг агентот на најголемиот фестивал во Романија “Electric Castle”, Томас Мечаирас (Thomas Machairas), арт директор на “Release Athens Festival, Милан Ракиќ, букинг агент за Explosive Stage на реномираниот “Exit Festival”, Катерина Епстајн од Радио Белград, Драган Амброзиќ, уредник на програмата на Дом омладине во Белград.

Во втората фаза на HMA, 9-те финалисти ќе добијат персонализирани сесии и професионални тренинзи од страна на ментор - експерт во областа на музичката индустрија, кој ќе биде назначен согласно потребите на секој бенд.

Заедно со обуката овозможена од HEMI, 9-те финалисти ќе изработат ексклузивен материјал кој ќе го претстават за време на HMA лајв сесијата, за конечно да стигнеме до последната фаза на наградите во јуни, кога ќе се изберат 3-те добитници на HEMI Music Awards 2021.

Покрај Фанк шуи, помеѓу 9-те финалисти се наоѓаат и пејачот и баскер “Thom Artway” од Чешка, необичното нордиско електро-поп трио од Естонија “I Wear* Experiment”, алт-рокерите од Грција “Deaf Radio”, блуз бендот “Woodstock Barbie” од Унгарија, гараж-рок триото и гордите сопственици на еден од најдобрите српски албуми за 2020 година “Dogs In Kavala”, полскиот квартет “Izzy and the Black Trees”, првата Youtube сензација во Романија “Lucia” и словенечките “Koala Voice” кои одлично ја комбинираат инди музиката со рок и поп звукот од 70-тите.

Во чест на Меѓународниот ден на трудот, вреди да се разгледа состојбата со работничките права во државата, да се направи краток осврт на изминатата година и да се согледа што може да се направи за да се насочат работите кон подобро.

повеќе

Таквиот вид на анахрон национал-романтизам, со речиси апологетски однос кон окупаторската политика на Бугарија во Втората светска војна, штетна е за хармонизација на односите на Балканот, пред сѐ на Бугарија со РСМ, но и со Србија.

повеќе

Некогаш да градиш на три континенти, а денес да не ја градиш сопствената држава.

повеќе