Електроакустичен концерт на пијанистката Дуња Иванова

Пијанистката Дуња Иванова денеска со почеток во 21 часот, на платото пред Младинскиот културен центар во Скопје, ќе одржи солистички концерт со музиката на германскиот композитор Макс Рихтер и делата на македонската авангардна композиторка Ана Пандевска.

На програмата се композициите за соло пијано на Рихтер меѓу кои: Andras, The Family, Departure, Infra 3 напишани во минималистички манир како и музиката за пијано и трака на Пандевска како:  Landscape atmosphere, Life in a box  и Квази Бурлеска.

Концертот претставува дел од Годишната програма на Министерството за култура за 2020 година, а се реализира со поддршка на Младинскиот културен центар – Скопје.

Публиката ќе биде во ограничен број, следењето на концертот на предвидена дистанца и со заштитна опрема во согласност со протоколите одредени од Министерството за здравство. 

Во моментов, мал број проекти или иницијативи во Македонија се фокусираат на тоа како универзитетите ги подготвуваат студентите за општествена одговорност и за граѓанскиот статус.

повеќе

Попис на населението во 2020 треба да има, затоа што тоа утре може да биде услов за Македонија да чекори напред кон ЕУ.

повеќе

Северна Македонија, исто така, мора да се придвижи кон енергетска независност, користејќи обновливи извори на енергија кои нема да му наштетат на кревкиот екосистем во оваа прекрасна земја.

повеќе