Ексклузивки на првиот и вториот ден од Скопскиот џез фестивал

Скопскиoт џез фестивал  за отворањето на овогодинешното издание (од 13 до 16 октомври) го најавува специјалниот концерт на во светот денес толку силниот и моќен ансамбл Exploding Star Orchestra на неприкосновениот лидер на чикашката авангарда, прославениот трубач, композитор, аранжер и визуелен артист Роб Мазурек.

„Задоволството е дотолку поголемо што ова ќе биде единствениот концерт (покрај оној во Лисабон летово) со актуелната инкарнација на Exploding Star Orchestra, заслужна за ремек-делото Dimensional Stardust од 2020 година. Ексклузивата во Скопје ќе добие уште повеќе на тежина со учеството на 20-члениот камерен оркестар на Fames - European Orchestral Performing Institute, изведувајќи, покрај материјалот од споменатиот албум, и дело специјално напишано за нашиот фестивал.

Скопскиот џез фестивал и за вториот ден најавува ексклузивка - специјалниот проект Turiya на џез перкусионистот број еден во светот, Hamid Drake. Чудесната посвета на музиката на Alice Coltrane, со блескава евро-американска екипа музичари, нам добро познати. Овој проект на почетокот на годинава премиерно беше изведен на култниот фестивал Sons d'hiver во Париз.

 

Одлучната изборна победа на италијанската десница овозможува нејзиниот лидер да биде првата жена премиер во Италија и прва која тврди дека недвосмислено има постфашистичко потекло.

повеќе

Нов фронт за работа на градежните фирми на веќе изградените згради (и куќи) треба да биде топлинската изолација.

повеќе

Во Македонија не постои никаква забрана за конверзиона терапија, а лиценцираните психолози што може да се јават како спроведувачи или наведувачи на ваква „терапија“, за жал, не сносат никакви последици.

повеќе