Ексклузивен концерт во Скопје на светската гудачка женска атракција Бонд

Најпопуларниот и најпродаван женски гудачки квартет на сите времиња Бонд (BOND) доаѓа за првпат во Скопје со гала концерт, на 20-ти март во Македонската филхармонија.

Квартетот Бонд е супербренд со милионска армија на обожаватели низ целиот свет. Нивното музицирање е извонреден чин на пркосење со стиловите. Се сметаат за најпродаван гудачки квартет на сите времиња. Црпат инспирација од класичните, латинските, фолк, џез, рок, електро, индиските и стиловите од Средниот Исток.
Од првото деби, квартетот, нарекуван уште и „Spice girls на класичната музика", има продадено неверојатни 5 милиони албуми низ целиот свет, имаат 56 платински и 15 златни тиражи на своите изданија.


Од основањето на квартетот Бонд, па до денес, имаат огромен број на настапи низ Европа, Америка, Австралија, Централна Америка и Азија и секогаш распродадени концерти.
Влезниците ќе бидат пуштени во продажба во петок (7 февруари) и истите ќе може да се набават исклучиво во Avalon music & ticket store во ГТЦ, продажната мрежа на Авалон низ земјава и онлајн на avalon.mk по следниве цени и категории: Classic seats – 1.990 денари; Ultra VIP seats – 2.990 денари.

Овозможувањето континуитет на стопанството треба да биде на прво место во агендата на Владата, бидејќи закрепнувањето на економијата ќе дојде токму од приватниот сектор.

повеќе

Светот првично се соочи со кризата предизвикана од коронавирусот на некоординиран начин, при што огромен број држави едноставно ги игнорираа предупредувањата и настапуваа самостојно.

повеќе

Пандемијата на коронавирусот која го зафати целиот свет, не само што има огромно влијание врз јавното здравство, општеството и економијата како целина, туку предизвика пустош и во спортот.

повеќе