Во петок и сабота

Дојран домаќин на „Д Фест“

Единаесеттото издание на традиционалниот музички фестивал „Д Фест„ кое годинава ќе трае само два дена, ќе се одржи утре и во сабота на главната бина во Дојран, потврдија организаторите кои велат дека безбедноста и здравјето на сите посетители и ангажирани лица е најголем приоритет на манифестацијата и ќе бидат применети сите протоколи за заштита од ковид-19.

Според протоколот, се дозволува присуство на најмногу 50 отсто од расположливиот капацитет, велат организаторите.

Според програмата, утре на првата вечер од фестивалот ќе настапат електронското дуо „Горгон сити" и бендовите „Дубиоза колектив", „Репетитор" и „Фолтин", а вториот ден е резервиран за настап на Кирил Џајковски, раперот Страјк и бендовите „Смат" и „21 век".

Билетите за двата фестивалски дена се продаваат по 850, а еднодневниот чини 500 денари. Важат и сите влезници кои биле купени за минатогодишното неодржано фестивалско издание, најдоцна до 30 јули, соопштија организаторите.

Радован Павловски (1935, Ниш, Србија) е водечко име на третатта генерација македонски писатели, која во нашата литература се појави во шеесеттите години на минатото столетие и внесе нов творечки дух со препознатлив национален белег.

повеќе

Во јавните високообразовни институции, научноистражувачката дејност е целосно маргинализирана под неопходниот минимум.

 

повеќе

Го потсетувам претседателот на државата дека уставниот рок за создавање на парламентарно мнозинство е 20 дена, а веќе 30 дена Владата нема парламентарно мнозинство.

повеќе