Доцнењето на договорот со Министерството за култура го одложи Оффест за ноември

Годинешното јубилејно 20-то издание на Оффест нема да се одржи во планираните термини во јуни (2-6). Единствена причина за одложувањето на веќе подготвената фестивалска програма е доцнењето на договорот и придружната документација (а со тоа и благовремената исплата на неопходниот аванс) од Министерството за култура.

„Ова е прв ваков случај во историјата на Оффест, како и на постариот Скопски џез фестивал, на кој искрено се надеваме дека нема да му се случи нешто слично. Новите термини на Оффест се 9-13 ноември. Фестивалот, годинава со значително скратен буџет, во најголем дел ќе ја зачува веќе подготвената програма, првично предвидена за реализација во јуни, со истото планирано фестивалско отворање - концертот на модерниот фадо дует Lina_Raül Refree, колаборативен проект на португалската фадо дива Lina Rodrigues и популарниот шпански артист Raül Refree, еден од најбараните и најиновативните светски продуценти во моментов. Овој проект, кој лани кулминираше со албумот „Lina_Raül Refree“ (Glitterbeat), своевидна модерна посвета на музиката на големата фадо легенда Amália Rodrigues, беше оценет од критиката како еден од клучните настани на светската музичка сцена во 2020 година. Во рамките на првата фестивалска вечер на OFFest 2021 ќе биде прикажан и документарниот филм "The Art of Amália", посветен на кралицата на португалското фадо Amália Rodrigues“, соопшти Скопски џез фестивал.

Што правите министерке, кога ќе посетите еден приватен или државен иниверзитет за да видите што навистина се случува.

повеќе

Узурпацијата на јавниот простор како камен за сопнување на граѓанскиот активизам.

повеќе

Паузата во борбата против коронавирусот, бизнисот ја користи за свое преструктуирање и за непосредни контакти со компаниите кои беа запоставени во изминатиот период.

повеќе