Дигитализирани дела од композиторот Љубомир Бранѓолица

„Дигитализација и архивирање на партитурите од творештвото на композиторот Љубомир Бранѓолица“ е насловот на проектот што содржи 153 дела со сериозна музика и претставува само еден дел од творештвото на еден од најплодните македонски композитори.

Ова е првиот чекор кој следува во понатамошната дигитализација на останатите дела на овој композитор чија бројка е близу 400 дела од областа на балетската музика, симфониски дела, камерни дела, оперска музика, мјузикли, солистички дела, камерни дела, дела од популарната музика, музика за деца, музика за филм, музика за театар и тн.

Авторот на овој проект е Андреј Блажевски кој потенцира дека ова претставува значаен потфат за трајно зачувување  на  делата на Љубомир Бранѓолица, со што ќе се намали ризикот  од нивното евентуално губење и уништување доколку останат само во хартиена форма. Точниот број на дела се уште не е познат, бидејќи некои дела не се воопшто изведени. Преку  дигитализација на  овој богат опус на музички дела, ќе се постигне нивното трајно зачувување, односно префрлање од хартиена првична форма во дигитална форма.

Дигитализираниот материјал е даден на Сојузот на композитори на Македонија, на Национална и универзитетска библиотека „Климент Охридски“ и  на Архивот на МАНУ.

Поголем дел од творештвото ќе биде и прикачено онлајн и може да се најде на интернет платформата ISSUU или директно на следниот линк: (https://issuu.com/andrejblazevski1).

Проектот е поддржан од Министерството за култура во рамките на годишниот конкурс за финансирање проекти од национален интерес во културата за 2021 година.

Освен тоа што муралите се моќно средство за комуникација, тие можат да бидат и предмет на манипулации, па и пропаганда, подигање тензии и продлабочување на недоразбирањата во БиХ.

повеќе

Процесот на донесување на буџетот ме потсетува на една изрека на поранешниот државен секретар на трезорот на САД, Џејкоб Лу (Jacob Lew) кој вели дека „Буџетот не е само колекција на бројки, туку израз на нашите вредности и аспирации“.

повеќе

Конески со голема дарба и со рационална мисла, создаде комуникативна поезија, создаде за македонските генерации образец на читлива литература.

повеќе