Десетто јубилејно културно-забавно лето „На зајдисонце“ во Трпејца

Од утре до 28 јули во Трпејца ќе се одржи десеттото културно-забавно лето „На зајдисонце“.

Манифестацијата се одржува под покровителство на Општина Охрид, а веќе втора година е поддржана од Делегацијата на Европската Унија во Скопје, како и од други бројни спонзори и помагатели.

Во чест на десетгодишнината ќе биде прикажан и видео материјал под наслов „Ние на зајдисонце“.  Вечерта ќе биде заокружена со концерт на познатите „Силви Бенд“.

Следните седум дена трпејчани и гостите ги очекуваат средбите со Нуркачкиот центар „Амфора“ од Охрид, со авторите на Рибарскиот алманах, проф. д- р Теон Џинго, доц. д-р Никола Митровиќ – Бабе и презентерот Славчо Новески, како и настанот работно насловен „Еден поглед на Трпејца од ономастички аспект“ со проф. д-р Мери Јосифовска.

Десеттото „На зајдисонце“ се вклучува во одбележувањето на 100-годишнината од раѓањето на големиот Блаже Конески со вечер „Поезијо чувствата ми ги будиш“ на која со избор од поезија од Конески и од други домашни светски поети ќе настапат Марија Кондовска, Симон Јаковлев – Писин во придружба на Лео Спасески – Охридски ( синтисајзер).

На листата на учесници се и младите Христијана Матеска – хармоника и Марија Џуклеска – виолина. Тие ќе настапат на Вечерната променада наречена „Со кајче по езерото“ а во Трпејца свои концерти ќе одржат дуото „BLACK MOON“ , бендот „Броз“, Градскиот хор „Вокс Лихнидос“, ансамблот „Билјана“  и пејачката група и оркестар од Фолклорниот ансамбл „Бисери“ од Охрид.

Од културните настани во рамките на летото се и традиционалната изложба на дела од Ликовната колонија „Трпејца 2020“ и настанот „Цртаме на зајдионце“.

Во рекреативниот дел се традиционалната кајакарска регата „Номче Митрески“ и Малиот пливачки маратон помогнати од Асоцијацијата „Спорт за сите“ и традиционалната прошетка по патеката „Чоколско“.

Сите содржини во рамки на манифестацијата се бесплатни и под отворено небо. Вечерните  настани започнуваат од 20:30 часот.

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе

Насловот асоцира и на резултатите од изборите, кои, кога ќе излезе оваа колумна, ќе бидат познати, иако најретко споменуван збор во кампањата беше зборот ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈА, кој е единствен начин за остварување на сите „големи“ ветувања што ги слушнавме изминативе две недели.

повеќе

Опонентите на академик Блаже Ристовски во Македонија го квалификуваа како националист, во белградскитe кругови  го именуваа како „бугарофил“, а во Бугарија го нарекуваа „Југословен“ и „србокомунист“. А тој си остана ист, исправен пред нападите и секогаш подготвен да им одговори на критичарите.

повеќе