Денеска се затвораат Мајските операски вечери, по традиција „Аида“ постедна на програмата

Мајските оперски вечери традиционално завршуваат на последниот ден од мај со „Аида", а оваа година популарната опера на Верди е во продукција на театарот „Карло Феличе" од Џенова, Италија.

Модерната „Аида“ е спој на визуелната иновација со традицијата, виртуелна сценографија која, како што најави Националната опера и балет, ќе ја одведе публиката во светот на древниот Египет преку  футуристичко видување со 3Д-проекции на сцената.

Со новата постановка на оваа Вердиева опера и почнаа 47. Мајски оперски вечери на 9 мај, но вечерашната изведба ќе има друга, интернационална екипа. Насловниот лик ќе го игра Русинката Олга Романко, а останатите главни улоги ќе ги толкуваат:  Ирина Долженко од Русија (Амнерис), Ѓорѓи Цуцковски (Радамес),  Анџело Веча од Италија (Амонасро) и  Александар Стефаноски (Фараонот). Диригент е  Диан Чобанов од Бугарија.

Покрај „Аида“, дел од годинашната фестивалска програма беа уште  две опери на Џузепе Верди  – „Риголето“ и „Травијата“, како и оперите „Лучија од Ламермур“ и „Ана Болена“ на Доницети и „Боеми“ на Пучини и балетот „Лебедово езеро“ на Чајковски. 

Албанија и Северна Македонија уште ќе чекаат, една година откако блокот рече дека имаат шанси за разговори за членство, вели Политико.

повеќе

Ништо не ме научи повеќе за моите родители, а и за мене, од храната што тие ја обожаваа откако избегаа од Босна.

повеќе

Охрид, најголемиот и најпосетен туристички центар во Македонија, балканскиот Ерусалим и европскиот бисер, се менува со брзина на светлината.

повеќе