На програмата се делата за перкусии во изведба на Антоние Весковски, Благоја Антовски, Атанас Алексов, Влатко Митев, Иван Узунов, Теодор Теодосиевски, Зорица Здравковиќ и Кораб Хајдари . Визуелизацијата е на Емил Петров и Доријан Миловановиќ.
„Филхармонија, која годинава концертната сезона ја реализира под мотото „Филхармонија во движење“, се приклучува во борбата против загадувањето, а во истовреме дава порака дека животот е движење. Ние сме првата генерација која што го чувствува ефектот на климатските промени и можеби последната која има шанса да направи промени. Токму темата за климатските промени и човекот како најголем импакт фактор (фактор на влијание), се инспирација за создавањето на оваа музичка приказна, која за крајна цел го има будењето на индивидуалната свест, а наведува и на критичко и креативно размислување на темата за заштита на животната средина и справувањето со климатските промени“, велат од Филхармонија.
Oдлуката да се спаси животната средина, нагласуваат, мора да потекнува од човечкото срце. Затоа, како што нагласуваат, исклучително е важно да и веруваме на својата интуиција и да го следиме своето срце.
Светот е нашето огледало и тој се менува заедно со нашата сопствена промена. А, ритамот на промените е во секој од нас, велат од Филхармонија.