Дел од македонската музичка историја објавена на две винилни изданија

МКЦ и хроничарот на македонската рок музика Тошо Филиповски денеска приредија уште еден настан - беа промовирани две нови компилациски винилни изданија, тематски поделени на Дарк вејв и Њу вејв, на кои се најдоа нумери од македонски бендови кои оставија силна трага во осумдесетите години. „Оваа година, нашиот Велигден се вика Record Store Day“ (Ден на независните музичките продавници) - под ова мото на отворено се преслушуваа двете лонг-плеј плочи, а новинарот Љупчо Јолевски беше промовиран во нова македонска "Worldwide Record Store Legend".

Настанот го организираа МКЦ и Ап(о)тека на Тошо Филиповски, како дневно другарување со слушање на музика од осумдесетите години „спакувани“ на винилните изданија.  Се работи за компилациите Macedonian Dark Wave 1985-1989 и Macedonian New Wave 1979-1987 Vol.2. Обете објавени на LP формат во издание на Corpus Delicti Records.

Целиот настан беше поддржан со ди-џеј сетови на Diah и Double G, но и co едночасовен настап на Robotek.

Тоа беше можност и за други македонски издавачи да изнесат дел од своите изданија на продажба.

Организаторите ги доделија признанијата - Амбасадор, Дискофил, Пионери на винилот. Честа да биде прогласен за годинешен амбасадор му припадна на Горан Трајковски.

За нова македонска "Worldwide Record Store Legend" е прогласен новинарот Љупчо Јолевски, како најистраен колекционер на физички изданија на носачи на звук, особено на винилни изданија, редовен посетител на светските и ретките домашни независни музички продавници, но и постојан хроничар на македонската музика и рок - критичар. 

Признанието Пионери на винилот е доделено на ВИС Безимени, односно на музичките легенди браќата Зоран и Димитрија Павловски (Зоко и Денки), на Ѓорѓи Костадинов (Џоле), Румен Ќамилов и Армен Сурмејан. Далечната 1969 година во Белград е снимена, и веднаш ставена на заедничка плоча, само една песна од овој бенд, преработката на традиционалната „Си заљубив едно моме“. Но и тоа ќе биде доволно ВИС Безимени да ја внесат македонската рок музика во богатата југословенската дискографска ризница.

Што се однесува до двете ЛП плочи промовирани денеска, на првата со налов „Macedonian Dark wave vol.1 1985-1989" се објавени песни на групите „Апореа", „Падот на Византија", „Мизар", „Клеопатра", „Ден потоа", „Берза", „Анастасија", „Тело-наука совршена" и „Наумахија". 

На втората ЛП „Macedonian new wave vol.2 1979-1987" се наоѓаат песни од групите „Инола икс", „Зијан", „Бастион", „Дизајн", „Фора", „Прамен", „Гино Де Гаги и нивните страсти", „Меморија", „Бон-тон", „Морал", „Чуден крој", „Телекс", „Токму така" и „Коцка мраз".

Интернационалниот „Ден на независните музичките продавници" во светски рамки се одржува од 2007 година, а во Македонија се организира по петти пат. Беше започнат во 2017 година, а паузиран во 2020 година поради корона - кризата.

 

Неколку години при здрав разум сакаат да ни наметнат и да нѐ убедат дека со соседна Бугарија сме имале заедничка историја. 

повеќе

Деновиве во Комората пристигна нацрт-концептот за даночни реформи, кој треба да претставува основа за јавна расправа во наредниот период.

повеќе

Концептот е насочен кон креирање на оптимален даночен систем, кој ќе го поддржи економскиот раст, а со тоа и животниот стандард на нашите граѓани.

 

повеќе