Дарија Андоновска ќе настапи во Марибор

Aнсамблот музичари од поранешна Југославија „No Borders Orchestra“ ја продолжува својата турнеја „B Matinee“. Ансамблот вечер ќе одржи концерт во салата „Унион“ во Марибор со што ќе биде затворен фестивалот „Марибор 2019“.

Се работи за проект во кој учествуваат композитори од регионот, а од нашата држава учесник е Дарија Андовска. Овој проект, чие име сугерира нови почетоци, прави сублимат на современата класична музика и клупската супкултура и ги носи на сцена свежите и исклучителни композиции на пет млади и најактуелни композитори на Балканот, селектирани од уметничкиот раководител и диригент Премил Петровиќ.

Проектот одбележува 30 години од падот на берлинскиот ѕид, што е и симболичен пад за различните жанри во музиката на балканските композитори, како и пад на новите граници кои се поставени по распадот на Југославија. Резултатот е нов и привлечен, музика и живост кои не познаваат граници.

Покрај класиците Самуел Барбер, Арво Перт и Ј.С.Бах, на програмата се Драшко Аџиќ (Србија), Давор Бранимир Винце (Хрватска), Данијел Зонтар (Босна и Херцеговина), Дринор Зимбери (Косово) и македонската композиторка Дарија Андовска.

Турнејата понатаму продолжува во куќата на уметноста Лауба во Загреб, на фестивалот „БИТЕФ“ во Белград и завршува со концерт на „Month of contemporary music“, фестивал во Берлин, во светски познатиот клуб „Бергхајн“, кој е дел од инспирацијата за проектот. 

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе

Го регистрираме името Јунајтед Маседонианс и тогаја сетне почнаме да прајме отворени Илинденцки пикници – македонцки илинденцки, не со Богарите. Сами ние Македонци и народо трна.

повеќе

Она она што го нудат медиумите во времето на ковид-19 покажа колку тие не се подготвени за да известуваат во време на криза, а кризите ги има сè почесто.

повеќе