„Далмацијо носим те у крви“, концерт во Скопје на шибенски кантавтори

По повод Денот на независноста на Република Хрватска, утревечер, во Салон 19,19, КИЦ во Скопје, од 19 часот, ќе се одржи концерт насловен „Далмацијо, носим те у крви", во изведба на шибенските кантавтори Игор Локас, Јосип Башиќ и Крешимир Шпања.

Шибенските уметници деновиве се гости на Заедницата на Хрватите во Македонија.

Истовремено, од денеска до среда, во организација на невладината организација „Хрватско-македонска тангента“, во посета на Скопје, престојува градоначалникот на Шибеник д-р Жељко Буриќ со соработниците Мирјана Журиќ, начелник за општествени дејности и Дино Караџоле, директор на Туристичката заедница на Град Шибеник.

Предвидени се голем број средби со личности и институции од јавниот и политичкиот живот на македонскиот главен град. Покрај средбата со градоначаникот на Скопје, Петар Шилегов, делегацијата на Шибеник ќе го посети и македонскиот парламент, како и владините агенции за иселеништво и промоција на туризмот. 

Во текот на престојот, градоначаникот Буриќ ќе оствари средби и со директорот на клиниката „Жан Митрев“ (една од најдобро опремените во регионот) и со директорот и ректорот на универзитетот Американ колеџ, каде ќе стане збор за можноста за идна соработка. 

Исто така, е предвидена средба со претставниците на Заедницата на Хрватите во Македонија.

 

Интеграциите и буџетски субвенционираната економија и социјала се проектираните теми на кампањата на власта за претстојните избори.

повеќе

Третманот и плаќањето на работникот од кого зависи целиот производствен систем, треба да биде на прво место кај државата и работодавачот. 

повеќе

Дали верувате дека до ова дереџе се дојде за една ноќ, еден месец, една година? Вистината е дека години се потребни за таков пад.

повеќе