„Дајте музика“ со нова видео порака

Со максимално почитување на мерките за заштита и во услови на вонредно функционирање, екипата од серијалот „Дајте музика“ создаде видео разгледница со порака за сите македонски ученици. Промоцијата е денеска, на крајот на учебната година.

Видеото е снимено на пет различни локации во Скопје. Со оглед на сите препораки и ограничувања, на видеото работеше продуцентска екипа од петнаесетмина извршители.

„Во овие специфични времиња, на најмладите веројатно им е најтешко. Поголем дел од времето го поминуваат во своите домови, ограничени се во сите свои активности и генерално функционираат виртуелно, како на училиште, па така и со своите врсници и другарчиња. Желбата и копнежот за слобода во детската игра во моментов може да го остварат само при практикување на индивидуални спортови и во природа на одредено растојание. Преку новото видео, сакавме да доловиме колку се тие услови на функционирање специфични и колку децата навистина се погодени од овој светски
феномен. „Дајте музика под итно“ е детскиот сон преведен во услови на новото нормално“, изјави Цаци Паковска од продукциската куќа „Рифенштал“.

„Дајте музика“ е заеднички проект на Македонската радиотелевизија и продукцијата „Рифенштал“. Првата сезона од 30 епизоди од серијалот емитувани на националниот сервис, имаа за цел преку забава да ги поттикнат традиционалните семејни вредности низ призмата на една нова модерна генерација на детски идоли кои ги почитуваат вистинските вредности: добро однесување, здрави навики, искреност, одговорност, вистинско другарство и емпатија. 

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе

Се поставува прашањето, дали треба да се жртвува слободата за сметка на жртвите кои се последица од вирусот, кој не можеме да го спречиме освен со строги санкции и мерки?

повеќе