Бродвејскиот мјузикл „Убавицата и ѕверот“ утре премиерно ќе се одигра на школка во Градски парк

Студиото за детски мјузикли при Здружението за инклузивно и неформално образование Крео-Аксис од Скопје, утре во 13:00 часот на школка во Градски парк премиерно ќе го изведе бродвејскиот мјузикл „Убавицата и ѕверот“ препеан на македонски јазик.

„Преку оваа француска бајка која е создадена во далечната 1740 год, а е популарна и ден денес, децата научија многу важни животни лекции, како на пример не судете според надворешниот изглед, убавината доаѓа одвнатре, осмели се да бидеш различен од другите и никогаш не се откажувајте од вашите соништа“, истакна Наташа Лалчевска од Крео-Аксис.

Улогите во мјузиклот ги толкуваат Лара Иванова како Бел (Убавицата), ѕверот го игра Симеон Коруноски, Гастон – Матеј Златков, г-ѓа Потс – Јана Јовиќ, Лумиер – Давид Огнаноски, Когсфорт – Јована Лалчевска, ЛеФу – Лука Златков, Бабет – Неда Димкова, Мадам – Дена Деница Симјаноска и Чип- Бисера Мојаноска.

Со децата работат Наташа Лалчевска како хорски диригент, Биљана Стојановска Трајковска – кореограф, Стефани Стојановска – асистент кореограф и Радо Алексовски – актерска игра. Препевот е на Весна Малинова.

Проектот е поддржан од Министерството за култура,  Град Скопје и QSI Интернационално училиште.

Покрај создавање на образована публика, театарски бон-тон и развивање на љубов кон уметноста, мисијата на Здружението е преку креативни проекти да влијае на развојот на карактерните особини кај младите, со особен акцент на воспитниот дел од образованието.

Јас, Ангела Илиевска , учесник во повеќе протестни движења низ годините наназад, со себе го носам товарот на мојата личност и идеалите кои ги застапувам низ сите тие движења.

повеќе

Германија не го негира своетo фашистичко минато, ниту дека ја окупирала Франција, па следствено, не се ни менувани ни учебниците во обете земји, ниту се бришани делови од споменични натписи.

повеќе

Некогаш, долго после нашава посета на овој свет ќе се појави некој кој ќе го интересира нашиот престој тука.

повеќе