Во Јавна соба во Скопје

Бендот Визија е првиот хедлајнер на Андерфест

Бендот Визија ќе бидат хедлајнери на првата фестивалска вечер на Андерфест(UNDERFEST) што ќе се одржи од 5 до 7 април, 2019, во Jaвна соба во Скопје.

Визија е бенд од Скопје, Македонија, основан во ноември 2011. Бендот го сочинуваат: Марко Џамбазоски (гитара/придружен вокал), Марко Гапо (вокал/ритам гитара), Лилјана Јанкова (бас гитара/придружен вокал) и Синиша Ѓорѓевиќ (тапани). Инспирацијата се црпи од рок музиката, проследено со експериментирање на различни стилови што резултира со формирање на свој сопствен стил.

Бендот веќе настапувал на дел од поголемите балкански фестивали како што се Егзит, заечарската Гитаријада, Таксират, Јелен демофест, Лејк фест, Миксер...

Покрај овие настапи, бендот добива одлични критики од американската радио станица „WMBR” и британскиот музички веб сајт „Emerging Indie Bands” кој на нивната листа на најдобри 90 нови бендови од светот за 2014 година, ја поставува Визија на високото седмо место.

Во декември 2016, Визија го издава својот прв студиски албум „Гласно!“, а материјалот беше претставен и во живо на концертната промоција одржана во МКЦ на 8 декември 2016.

Визија ќе настапат на првата фестивалска вечер на Андерфест на 5 април догодина. Ова а првиот потврден хедлајнер, фестивалот го најавува настапот на уште 10-тина други изведувачи, а во престојниот период се очекува комплетирање на целосната програма. Влезот за сите посетители е бесплатен.

 

Што е потребно младите велешки занаетчии да не станат самоубиствени гемиџии, туку да ги тераат своите замисли напред.

повеќе

Брзата храна и газираните пијалоци се водечки причинители на прекумерна телесна тежина, која пак значително го намалува нашиот животен век и квалитет на живот.

повеќе

Процесот на проверка не треба да почне од правосудниот систем, туку од извршните претставници и членовите на парламентот, и тоа не само оние кои се на власт денес, туку и оние кои со години ја водеа земјата.

повеќе