Дојран Рок Фест

„Bad Obsession“: Очекувајте да биде незаборавно, се надеваме дека со нашата енергија ќе придонесеме за една нова успешна приказна

Очекувајте да биде незаборавно, се надеваме дека со нашата енергија на овој нов фестивал кој ке се одржи во Дојран ке придонесеме за една нова успешна приказна а зошто и да не премине во рок традиција овој фестивал во нашиот крај.

Го паметите ли вашиот прв настап? Кој, каде и кога беше?

Секако дека го паметиме, тој настап никогаш нема да го заборавиме од таму почна се. Настапот беше организиран од основното училиште во Валандово и се одржи во нашиот град – Валандово, во дискотеката “ТНТ” во Април 2016-та година.

 Кои се сегашните членови на бендот?

Сегашните членови се: Трајче Стојанов (вокал), Валентин Атанасов (ритам/соло гитара), Ѓорѓи Попов (бас гитара) и Ѓорги Стамков (тапани).

Што правевте за време на пандемијата? Како таа се одрази врз вас?

За време на пандемијата не се гледавме често, а и секој беше со свои обврски. Се слушавме некој пат на видео повици и многу ретко за проба заради ситуацијата. Не ни беше сеедно без свирки, со душа чекавме и чекавме да пуштат да свириме, да се гледаме и да шириме позитивна енергија меѓу нас и публиката.

Веќе ги закажувате вашите настапи. Ќе настапувате и на Дојран Рок Фест. Што да очекуваме?

Очекувајте да биде незаборавно,се надеваме дека со нашата енергија на овој нов фестивал кој ке се одржи во Дојран ке придонесеме за една нова успешна приказна а зошто и да не премине во рок традиција овој фестивал во нашиот крај.

Дали планирате издавање на албум или видео?

Во врска со издавање албум или видео одлучивме сега за сега да издаваме сингл по сингл,веќе имаме издадено една песна “Kingdom of the sun”,така мислиме дека ќе има често нешто ново од нас,односно песните ке бидат исчекувани со нетрпение бидејки ке се пуштаат во етер една по една. За видео имаме неколку идеи каде што се надеваме дека ќе можеме да ги реализираме успешно во текот на наредниот период.

Имате ли омилен настап на сцената и кој бил тој?

Тешко прашање...имаме многу омилени настапи, моменти, тешко е да се избере само еден. Имаме прекрасна публика каде што ги овозможила тие настапи и моменти да се нешто повеќе од обичен настап и да бидат незаборавни, затоа и е тешко да се издвои само еден.

Ќе го искористиме ова да ви се заблагодариме на сите вас од се срце за подршката и тие прекрасни моменти.

Фала ви и ве сакаат вашите Bad Obsession.                    

 

Размислуваме како можеме да ја заштедиме и заштитиме водата, но само додека немаме вода!

повеќе

Во последните 30 години сите политички партии, независно од тоа колку демократски се претставуваат во своите програми, на државата гледаат како на инструмент, што е пак првиот сигнал, чекор кон авторитарност.

повеќе

Ако денес направиме една историска книжевна паралела, драмското дело на Стефановски ќе го квалификуваме како антологиски бисер, кого и сегашните и идните генерации ќе го чуваат како неодминлив столб на целокупната македонска драмска литература.

повеќе