Авалон ги носи и Вајтснејк во Македонија – на 12 јули во Скопје

И Скопје е дел од големата светска турнеја на Вајтснејк (WHITESNAKE Farewell tour) со концерт на 12 јули наредната година на стадионот на АРМ во организација на Авалон продукција.

Иако сите албуми им се врвни, а концертите енергични и спектакуларни, фронтменот на бендот Дејвид Кавердејл (David Coverdale) одлучи во 2022 година да стави крај на Вајтснејк.

Харизматичниот рокер и неговата група пред македонската публика ќе ги изведат најголемите хитови со кои израснаа многу генерации - „Here I go again“, „Is this love“, „Fool for your loving“, „Still of the night“, „Love ain't no stranger“, „Give me all your love“, „Ain't no love in the heart of the city“ и уште многу други.

„Возбудени сме и со радост го очекуваме настапот во Скопје каде што на оваа последна турнеја заедно ќе го славиме наследството на Whitesnake, кое речиси 50 години ги освојуваше светските топ листи. Благодарен сум што сѐ уште одиме на турнеи низ светот. Сето ова време го уживав и ги славев сите незаборавни моменти со милиони фанови што беа дел од ова исклучително патување и на кое ме поддржуваа во истото. Навистина го сакам заедничкото искуство со моите неверојатни музичари и едноставно ја сакам мојата работа и секогаш ќе ја сакам… речиси пет декадентни и вкусни децении. Ви благодарам”, рече Кавердејл по повод прошталната турнеја.

Влезниците ќе бидат пуштени во продажба во среда, 24-ти ноември во 9 часот наутро преку продажната мрежа на Авалон низ Македонија и онлајн по следниве цени и категории: партер 1.500 денари, фан-пит 2.000 денари.

Првичната реакција на голем број држави кога се појави новата варијанта на ковид-19 вирусот за забрана на патувањето од Јужна Африка и од соседните држави, иако истиот веќе се има проширено, е очајна мерка. Всушност, државите можеби се и подобро подготвени отколку што мислат за што и да следи.

повеќе

Со неколку геополитички шаховски потези, Кина докажа дека не секогаш оружјето и војните се единствениот начин за глобална доминација.

повеќе

Македонија може да ги задоволи потребите од електрична енергија ако на површина од 160 км2 постави соларни панели, а инвестицијата за тоа е 2,4 милијарди евра.

повеќе