„Атараксија“ со Бобан Мирковски и оркестар премиерно на „Охридско лето“

После вчерашниот настап на оперските солисти, оркестарот и балерините од Националната опера и балет, програмата на „Охридско лето“ продолжува со уште една премиерна изведба, овојпат на делото „Атараксија“ во изведба на пијанистот Бобан Мирковски како солист со оркестар под диригентската управа на маестро Љупчо Мирковски кој е и композитор.

„Атараксија“ е модерна, поп–симфонија во 4 става напишана за пијано и симфониски оркестар. Тоа дело на Љупчо Мирковски е спој на целокупупното негово творештво кое опфаќа музика за оркестар, соло инструменти, од театарски претстави, филмска музика, џинглови, детска и поп музика, како и народна, сериозна и џез музика. „Атараксија“ претставува спој на повеќе музички жанрови кои ја покажуваат целата музичка префинетост на композиторот, со лесно прифатлива мелодиска линија и прогресивна хармонија каде на многу вешт начин ги користи сите инструменти. Оваа поп – симфонија покрај различните жанрови, следи и повеќе музички трендови кои се менуваат со текот на годините. Едноставно кажано, „Атараксија“ е 50-минутно музичко парче за уживање, лесно прифатливо за сечие уво.

Во рамки на концертот ќе биде изведена и маестралната „Рапосодија во сино“ на Гершвин.

Бобан Мирковски е роден 1991 година во Скопје. Основното и средното образование го завршува во МБУЦ “Илија Николовски -Луј“ во класата на проф. Даница Стојанова. Дипломира во 2013 година на Факултетот за музичка уметност во Скопје, во класата на проф. Симон Трпчески, а во 2015 година ги завршува пост-дипломските студии на ФМУ Скопје во класата на проф. Александар Сердар (Р. Србија). Посетува мајсторски курсеви кај Во своето образование има посетувано и неколку меѓународни семинари кај еминентни уметници како Ж. Захариева, Ј. Михајловиќ, Ф. Турисини, А. Леимони, Б. Романов и др. Има остварено голем број концерти во Македонија и странство и има освоено награди на голем број домашни и меѓународни натпревари како две први награди и лауреат на натпреварот „Арс Косова“ во Приштина, прва награда на натпреварот „Даворин Јенко“ во Белград, трета награда и награда за највиртуозен изведувач на натпреварот „Музиката и земјата“ во Софија . Настапува како солист со Филхармонијата на Северна Македонија , а со музички рецитаи настапува во Сан Даниеле (Италија, Босковице (Чешка), Вашингтон (САД) како и на концерти во градовите низ Р.Северна Македонија. Моментално работи како професор по пијано во ДМБУЦ “Илија Николовски – Луј“.

Диригентот и композитор Љупчо Мирковски основното и средно музичко образование го завршува во МБУЦ „Илија Николовски – Луј“, а дипломира на Факултетот за музичка уметност во Скопје на инструменталниот отсек. Негов прв поважен настап е улогата во операта „Оџачарчето Сејм“ на сцената на Националната опера на која го игра главниот лик на оџачарчето Сејм. За прв пат се појавува на „Скопскиот фестивал“ во 1971 година на кој се претставува со песната „Арлекин“ и станува познат под тоа уметничко име до денес. Неговата прва композиција се изведува на фестивалот „Омладина“ во Суботица во 1974 година, а првиот аранжман за помал состав го има напишано во 1977 година. Во текот на својата младост членувал во неколку домашни музички состави со кои настапува на манифестации како: „Скопски рок вечери“, Фестивал „Омладина“, фестивал „Опатија“, „ Скопски фестивал“, како и на првиот „ Скопски џез фестивал“ во 1982 година.

Мирковски својата долгогодишна работна кариера ја започнува како прв трубач на Танцовиот оркестар во МРТ, каде работи до денес. Во текот на работниот век остварува значајни резултати со Танцовиот оркестар на МРТ како трубач, композитор и диригент. Како композитор, аранжер и продуцент има остварено голем број на музички дела и соработки со познати домашни и странски музичари. Во текот на својата музичка дејност има напишано музика за театарски претстави, играни серии, филмови. Има напишано музика за повеќе од 200 џинглови, химни и рекламни спотови. Најголем дел од опусот на Љупчо Мирковски се повеќе од 200 композиции од областа на популарната музика, музика за деца, народна и инструментална музика за кои има освоено огромен број на награди. Мирковски како автор учествува на странски музички фестивали во земјите на поранешна Југославија, а се јавува и како автор на композиции на два компилациски албуми со инструментална музика за „Mood spectrum Music Publishers“ од Лондон, Велика Британија.

Концертот ќе се одржи на сцената „Долни Сарај“ со почеток од 22 часот.

Претходно во предворјето на „Света Софија“ од 20 часот ќе биде промовирана и монографијата „Фестивалска приказна“ по повод 60-годишнината од Фестивалот „Охридско лето“ на авторите Снежана Анастасова –Чадиковска и Роза Нолчева-Ангеловска.

Авторите на монографијата се академски музичари и публицисти кои припаѓаат на две различни генерации – секоја со свои значајни искуства и доживувања од фестивалот „Охридско лето“. Спојот на генерации обединети во заедничка цел, најчесто значи и взаемно дополнување и разнообразност – елементи што даваат поинаква атрактивност на самото дело.

Монографијата „Фестивалска приказна” е двојазична, на македонски и англиски јазик, богато илустрирана, како со фотодокументи од бројни настапи на врвни уметници, така и на начин кој неминовно ја потцртува поврзаноста на Охридско лето со суштината и историските специфики на самиот град Охрид. Ја опишува историјата на фестивалот со нови и разнообразни сознанија, потсетува на неговите почетоци, развојот и културолошкото значење на манифестацијата, особено сознанијата на помладата, нова генерација фестивалски вљубеници.

Веќе четврта деценија штом општеството се фокусира на македонско-бугарските или македонско-албанските односи, на улиците излегуваат навивачките групи со навредливиот репертоар. Спонтано? Ајде, Ве молам.

повеќе

Нивото на Советот на Центар никако да порасне и да покаже демократски капацитети и зрелост очекувана од граѓаните

повеќе

Historia magistra vitae est (Историјата е учителка на животот). Оваа латинска изрека ќе ги објаснува односите меѓу народите и нациите додека постои светот.

повеќе