„Архангел“ и „Галија“ годинава настапуваат на Вевчанскиот карневал

Рок групите „Архангел" и „ Галија", како и познати диџеи ќе бидат дел од програмата на Вевчанскиот карневал што ќе се одржи од 12 до 14 јануари во Вевчани.

„Да ја почнеме годинава со радост и убава вест – легендата на македонската рок сцена, групата „Архангел“ ќе настапи на Вевчански карневал 2019“, објавија на официјалната Фејсбук страна на карневалот.

Карневалот е вековна традиција во Вевчани, а вевчанци ќе кажат се, но до карневалското дефиле маските ги чуваат во тајност.

Карневалот почнува со традиционално карневалско дефиле под маски напладне на 13 јануари, а следниот ден маските се палат во центарот на Вевчани, со што завршува манифестацијата.

Вевчанскиот карневал кој според своите специфични особини се одвојува од останатите во светот поради неговата архаичност, традиционалност, таинственост и уникатни маски.

Во дипломатијата како гранка од јавно политичкиот живот професионалните кадри треба да бидат повеќе застапени од политичките.

повеќе

Апелирам до лидерите на партиите да не им „помагаат" на кандидатите.

повеќе

Во ерата во која сите напредни земји во светот престануваат со употреба на фосилни горива, ние отвораме нови наоѓалишта, наоѓаме оправдување за исцрпување на необновливите ресурси и за активирање на најголемата глобална закана за морската биолошка разновидност.

повеќе