Aндреа Мирческа е добитник на „Златен Орикс“ за најдобар млад џез-музичар во 2019 година

Катар ервејс (Qatar Airways) во соработка со Скопскиот џез фестивал веќе трета година по ред ја доделува наградата „Златен Орикс" за најдобар млад џез-музичар во Македонија. Лани со неа се закити младиот пијанист/клавијатурист Филип Димишковски, а во 2017 година - тапанарот Виктор Филиповски. Оваа година, наградата „Златен Орикс" оди во рацете на басистката Андреа Мирческа.

По тој повод, на 15. октомври (вторник) во 20:00 часот во МКЦ Клуб и ресторан се организира коктел забава зачинета со музички настап.

Андреа Мирческа е родена 1998 година во Прилеп. Завршила средно музичко училиште во Битола. Студира џез контрабас, апсолвентка е на Факултетот за музичка уметност во Скопје, во класата на професорот Кирил Туфекчиевски. Повремено свири со Летечки пекинезери, била дел од Мјузик митинг Сараево во склоп на Џез фест Сараево. Гостува на неколку концерти на Јордан Костов трио (со Марко Боско - перкусии и Маки Хачиyа - вокал и пијано). Дел е од најновиот авторски проект „Шамба“ на гитаристот Бојан Петков. Редовно настапува на клупски џез свирки во Скопје и низ земјата. Вклучена е и во повеќе уметнички проекти: ГОДО, Танго Ритмо, ЗиБомбхЛабаво&Фанки и други.

Доделувањето на наградата „Златен Орикс“ е една од повеќето придружни активности на 38. издание на Скопскиот џез фестивал, чијашто главна програма стартува в четврток, 17 октомври.

Практичната имплементација на владината стратегија „едно општество за сите“, која на хартија има добри намери, е засенета од неуспешната борба против корупцијата и организираниот криминал.

повеќе

Веќе четврта деценија штом општеството се фокусира на македонско-бугарските или македонско-албанските односи, на улиците излегуваат навивачките групи со навредливиот репертоар. Спонтано? Ајде, Ве молам.

повеќе

Нивото на Советот на Центар никако да порасне и да ги покаже демократските капацитети и зрелоста очекувани од граѓаните.

повеќе