„Ана Кап трио“ од Франција гостува во Филхармонија

Неконвенционалниот музички состав од Франција „Ана Кап трио“ вечер од 20 часот ќе настапи во камерната сала на Филхармонијата со своето возбудливо „Траума шоу“.

„Во ова лудо и поетско шоу триото „Ана Кап“ свири, пее, танцува и „распарчува“ и ништо не е оставено на случајноста. Слушаме наизменични трогателни и хумористични моменти, со прецизност на швајцарски часовник. „Траума шоу“ на француското трио „Ана Кап“ е вистинско камелеонско, инспиративно патување во кое се комбинираат виртуозна музика, чудесна комедија и дадаистички песни“, соопшти Филхармонијата.

Триото музичари го сочинуваат Пјер Миле (труба), Мануел Декок (виолина) и Жан Мишел Трото (хармоника).

„Тоа се тројца извонредни музичари: фасцинантен трубач кој по секоја цена покажува неизвесност, среќен хармоничар со биполарна тенденција и срамежлив и измачуван виолинист, кој се обидува, најдобро што може, да ја спаси фарсата“, додава домаќинот на концертот. 

Вчера оправдано доминираше веста дека „Макрон ќе поддржи преговори за Македонија и Албанија ако ЕК препорача во март“.

повеќе

Албанија мора отворено да каже, дека обидите на Софија за асимилација на Македонците во Албанија како Бугари не се добрососедство, туку отворен напад.

повеќе

Перењето пари преку трансакции со недвижнини ги интегрира црните фондови во економијата, притоа обезбедувајќи сигурна инвестиција.

повеќе