Во издание на „Кроација рекордс“

Албум на Влатко Стефановски со големи хитови од самостојната кариера

Светски познатиот гитарски виртуоз Влатко Стефановски издаде нов албум кој е во продажба на кој се најдоа негови големи хитови од самостојната кариера објавени на неколку албуми почнувајќи од 1994 година. Напролет се очекува и двојно винилно издание.

„Само неколку уметници од нашиот регион успеаја да постигнат забележителен успех на светската сцена и да го направат својот бренд препознатлив. Тоа одлично му појде од рака на Влатко Стефановски, виртуоз на гитара, кој поради својот уникатен талент и израз го обиколи светот, настапувајќи на сцени од сите големини - од помали, како соло акустични перформанси, преку престижни рок клубови, каде свиреше со своите бендови, до големите сали, придружуван од симфониски оркестри“, соопшти „Кроација рекордс“ која го издаде новиот албум.

Издавачката куќа вели дека пресекот на исклучително успешната соло-кариера на еден од најголемите гитаристи на нашите простори веќе е достапен на „Greatest hits collection"..

Компилацијата ја отвора темата „Cowboys & Indians" од истоимениот студиски албум од 1994 година, по која одат „Кандилце" и „Сараево". Приказната хронолошки продолжува со еден од најголемите хитови на Влатко, песната „Џипси сонг", а потоа следат хитовите „Калајџиско оро", „Влатково оро" и „Глуво доба" од ценетиот албум „Влатко Стефановски Трио".

Освен наведеното, изданието вклучува и песни од албумите „Кула од карти", „Thunder From the Blue Sky" и „Сеир", а неизбежен дел од наследството на Влатко се и песните „Бистра вода" и „Успаванка за Радмилу М." од незаборавниот акустичен албум „Мајчин јазик".

Компилацијата завршува со „Funky Junkie" и „Огледало" од актуелното студиско издание „Taftalidze Shuffle".

„Овој избор на моите најголеми хитови од соло-кариерата доаѓа на иницијатива на 'Кроација рекордс' и е дел од нивниот познат серијал The Greatest Hits Collection. Заедно одбравме 17 песни кои се најдоа на компакт-дискот, а на пролет се очекува и двоен винил. Изборот претставува пресек на она што самостојно сум го работел од албумот Cowboys & Indians во 1994 година, до Taftalidze Shuffle 2020. Мислам дека направивме добар избор, преку кој фановите ќе се потсетат на сите изминати 26 години, кој може да претставува и поттик за секој што сака повторно да им се врати на песните и албумите кои настанале во изминатиот четврт век. Ако нешто сме пропуштиле, оставаме можност за некоја следна компилација“, изјави Стефановски.

Инаку, насловната страница на компилацијата Greatest Hits, ја дизајнираше Иво Т. Монтина, а истата ја разубавува фотографијата на Стефан Рајл. Во внатрешниот омот има и три концертни фотографии на Жељка Димиќ.

„Ненадминатата техника и уникатниот сензибилитет на Влатко беа подеднакво успешни во етно и рок, но и во блуз, фанк и џез - жанрови кои го обликуваа неговиот музички пат и го обележаа како уметник, а самата компилација, која содржи 17 песни, вечно ќе потсетува на неговата кантавторска умешност и исклучителна виртуозност“, информира „Кроација рекордс“.

Македонскиот народ мора да ја заштити автокефалноста на својата Македонска православна црква - Охридска архиепископија, како еден од носечките елементи на неговиот идентитет, од сите загрозувања од Фанар, од СПЦ и другите меѓународни црковни и други чинители. Време е за нов Македонски црковно-народен собир, како во 1945 година.

повеќе

Сите политичари и безмалку сите новинари во Македонија, се со став дека нема или поточно не е можен план Б во преговарањето за влез во ЕУ со Бугарија.

повеќе

(Насловот е на турски со причина, во превод, „писмо или револвер“.)

повеќе